Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
П

Пепси_

Гостин
Кога има пари има среќно семејство.
Тоа се случи денеска и беше прекрасна вожња и направиме интересен шопинг :)

Шо да ти кажам друго,нека се множат ваквите денови потребни ми се.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Кајги,
Смачено ми е од се, многу сакам да работам и да купам стан да одам некаде подалеку од моиве.Сакам да живеам сама и да имам некое милениче, хрчак, куче или зајче. Знам дека тоа не е можно, и мислам дека никогаш нема сама да живеам:( освен ако не ја напуштам земјава, ах ни тоа не можам:( Знам многу се жалам, ама стварно ми треба промена.Се надевам на подобро утре, знаеш дека не сум песимист.:)
ne znam zosto si tolku razocarana ali imaj vo predvid deka imas topol dom i semejstvo
nesto za sto mnogumin kopneat i stradaat
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Добро помислив и на тоа, ама веќе сум голема и редно е да мислам на нешто такво.
e cekaj postapno odi toa i jas sakam sam da si kupam audi a4 tdi :D, ama ne odi toa taka treba vreme treba stedenje, iako bev najnetrpeliv nauciv so tek na vreme da bidam potrpeliv i pozrel.
uzivaj vo godinite ce ti dojdat grizite ne se sekiraj ce vidis i ti sto e toa rabota i da ti drobi po cel den vo mojot slucaj sefica :) glavata mi puka sekoj den :)
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Кајгич, помотивирачка ствар не сум прочитал у живот. Стив Џобс на македонски, на држ и поклонуј се одма...

Почестен сум што можам да бидам со вас денеска на вашето дипломирање на еден од најдобрите универзитети во светот. Јас никогаш не дипломирав. Всушност, ова е најбислку што сум дошол до дипломирање на колеџ. Денеска сакам да ви раскажам три приказни од мојот живот. Тое тоа. Ништо повеќе, само три приказни.
Првата приказна е за поврзување на точките.
Го напуштив Рид Колеџот после првите 6 месеци, но продолжив да одам на некои предавања повремено уште 18 месеци пред целосно да се откажам. Но зошто го напуштив колеџот?
Тоа започна уште пред да се родам. Мојата билошка мајка била млада, недипломирана студентка на факултет и одлучила дека е најдобро да ме даде на посвојување. Таа била сигурна дека треба да бидам посвоен од луѓе кои завршиле факултет, па така се било средено да бидам посвоен од адвокат и неговата сопруга. Но во последниот момент кога сум излегол тие сепак одлучиле дека сакаат девојче. Па така моите родители, кои биле на листа на чекање, добиле повик доцна во ноќта и ги прашале: Имаме неочекувано машко дете, дали го сакате? Тие рекле: Секако. Мојата биолошка мајка подоцна дознала дека мојата мајка никогаш не завршила ниту средно училиште. Одбила да го потпише последниот договор за посвојување. Се согласила дури неколку месеци подоцна кога моите родители ветиле дека еден ден јас ќе одам на факултет.
17 години подоцна јас се запишав на колеџ. Но наивно избрав колеџ кој беше скоро исто скап колку и Станфорд, и целата заштеда на моите родители од работничка класа беше потрошена школарина. После 6 месеци, не можев да ја видам вредноста на тоа. Немав идеја што сакам да правам со мојот мојот живот и немав идеја како колеџот може да ми помогне да сфатам што сакам. А овде ги трошев сите пари што моите родители ги штеделе цел живот. И така се откажав и верував дека се на крај ќе биде добро. Беше многу страшно во тоа време, но кога сега гледам наназад тоа беше една од најдобрите одлуки што сум ги донел во животот. Во моментот кога го напуштив колеџот, можев да престанам да одам на предавањата што не ме интересираа, и почнав да упаѓам на предавањата кои ми изгледаа инетерсно.
Не беше се толку романтично. Немав соба во домот, па така спиев на подот во собите на моите пријатели, враќав празни лименки Кока Кола за 5 центи депозит за да можам да си купам храна, и пешачев по 7 милји меѓу градовите секоја недела вечер за да можам да имам барем по еден добар оброк неделно во Харе Кришна храмот. И многу од она што го преживеав заради тоа што ја следев својата љубопитност и интуиција се испостави како бесценето подоцна. Дозволете да ви дадам еден пример:
Рид Колеџот во тоа време го нудеше можеби најдобриот курс по калиграфија во земјата. Во кампусот секој постер, секој натпис, секој цртеж, беше толку убаво рачно напишан. Бидејки се откажав од факултетот и не морав да одам на нормалните предавања, одлучив да одам на часовите по калиграфија да научам како ова се прави. Научив за сериф и сан сериф начините на пишување, за варијациите на простор помеѓу различни комбинации на букви, за тоа што прави една типографија да биде убава и сл. Беше преубаво, историски, уметнички суптилно на начин на кој што науката тоа не може да го претстави, и за мене тоа беше фасцинантно.
Ништо од ова не ми даваше надеж дека некогаш практично ќе го искористам во животот. Но, 10 години подоцна, кога го креиравме првиот Мекинтош компјутер, се ми се врати. И сето тоа го дизајниравме во Мек. Тоа беше првиот компјутер со убава типографија. Ако никогаш не се појавев на тој курс на колеџ, Мек никогаш немаше да има различни и пропорционално раздвоени фонтови. А бидејќи Виндоус целосно го копираше Мек, тоа значи дека ни персоналните компјутери немаше да имаат фонтови воопшто. Ако никогаш не се откажев, немаше да упаднам на часовите по калиграфија, и компјутерите можеби никогаш немаше да имаат топографија како што имаат денеска. Секако, беше невозможно да се поврзат точките тогаш додека бев на колеџ. Но кога гледав 10 години наназад, беше се многу јасно.
Уште еднаш, не можете да ги поврзете точките гледајќи нанапред, можете да ги поврзете точките само ако гледате наназад. Така, морате да имате верба дека точките некако ќе се спојат во иднината. Морате да верувате во нешто, во среќа, судбина, живот, карма, што и да е. Овој пристап никогаш не ме изневерил, а ги направи и сите разлики во мојот живот.
Мојата втора приказна е за љубовта и губитокот.
Бев среќен, дознав што сакам да правам многу рано во мојот живот. Воз и јас го направивме Apple во гаражата на моите родители кога имав 20. Работевме напорно, и за 10 години Apple прерасна во компанија од само двајца во компанија вредна 2 милијарди долари и 4000 вработени. Штотуку ја објавивма нашата најфина креација, Макинтош, една година претходно, а јас имав 30 години. И тогаш бев отпуштен. Како можеш да бидеш отпуштен од компанија која си ја стартувал? Како Apple растеше, така ангажиравме некого за кого мислев дека е доволно талентиран да ја води компанијата со мене, и првата година и нешто работите одеа добро. Но нашите видици за иднината почнаа да се разликуваат и почнавме да паѓаме. Кога конечно бевме доле, нашиот борд на директори застанаа на негово страна. Па така со 30 јас бев избркан. Се она што беше фокус на мојот живот заврши, и јас бев девастиран.
Навистина не знаев што да правам сам со себе во следните неколку месеци. Чувствував дека сум разочарал некоја претходна генерација на претприемачи, дека ми паднала штафетата која претходно ми ја подале мене. Се ретнав со Дејвид Пакард и Боб Ноијс и пробав да им се извинам што толку многу заебав. Бев таква јавна пропаст што дури помислив да си одам од долината. Но нешто полека почна да изгрева во мене – се уште го сакав она што го правев. Нештата во Apple не се изменија ни малку. Јас бев избркан, но се уште бев заљубен. И затоа решив да започнам одново.
Не го видов тоа тогаш, но излезе дека отказот од Apple беше најдоброто нешто што ми се случило. Тежината да бидеш успешен беше заменета со леснотијата да бидеш почетник одново, помалку сигурен во се околу мене. Тоа ме турна во еден од најкреативните периоди во мојот живот.
Во текот на следните 5 години, ја создадов компанијата која ја нареков Next, уште една компанија со има Pixar, и се заљубив во прекрасна жена што ми стана сопруга. Pixar започна да го создава првиот компјутерски анимиран долгометражен филм, Toy Story, а во моментов е најуспешното студио за анимација во светот. Во невиден круг на случувања, Apple го купи Next, така јас се вратив во Apple и технологијата која ја развивавме во Next сега е срцето на ренесансата на Apple. A Лорен и јас имаме прекрасен фамилијарен живот заедно.
Скоро сум сигурен дена се ова немаше да се случи доколку не добиев отказ во Apple. Беше одвратно да се прими таа терапија, но очигледно на пациентот му требаше. Понекогаш животот ќе те удри со цигла во глава. Не губете надеж. Уверен сум дека единственото нешто што ме одржа да продолжам беше тоа што го сакав тоа што го правам. Морате да најдете што е тоа што го сакате. А тоа се однесува и на вашата работа и вашиот љубовен живот. Работата ќе ви пополни еден голем дел од вашиот живот и единствениот начин да бидете целосно задоволни е да го работите она што верувате дека е одлична работа. А единствен начин да ја завршувате добро работата е да ја сакате. Ако се уште не сте ја пронашле, продолжете да барате. Не се откажувајте. Со целото срце ќе го почувствувате тоа кога ќе ја најдете. И, како и секоја добра врска, ќе биде се подобро и подобро како ќе поминуваат годините. Па така барајте додека не ја пронајдете, не се откажувајте.
Мојата трета приказна е за смртта.
Кога имав 17 години, прочитав цитат кој што звучеше вака отприлика: Ако го живееш секој ден како да ти е последен, тогаш еден ден сигурно ќе бидеш во право. Остави впечакот на мене и од тогаш во последните 33 години, ќе се погледнев во огледало секое утро и ќе се прашав: Ако денеска е последниот ден од мојот живот, дали би сакал да го правам тоа што имам намера да го правам денеска? И ако одговор беше НЕ неколку дена по ред, знаев дека треба да сменам нешто.
Сознанието дека ќе бидам мртов наскоро не најважната алатка која и помогна да правам големи одлуки во мојот живот. Бидејќи скоро се, сите надворешни очекувања, целата гордот, сите стравови од понижување или неуспех, сите овие нешта паѓаа во вода соочени со смртта, оставајќи го само она што е навистина битно. Сознанието дека еден ден ќе умрете е најдобриот начин да ја избегнете замката дека имате што да изгубите. Веќе сте голи, нема причина да не го следните вашето срце.
Пред една година ми беше дијагностициран рак. Имав скенирање во 7:30 наутро и одеднаш се покажа дека имам рак на панкреасот. Тогаш не ни знаев што е панкреас. Докторот ми кажа дека скоро сигурно имам тип на рак кој не се лечи и дека не треба да очекувам да живеам повеќе од 3 до 6 месеци. Докторот ме советуваше да одам дома и да си ги средам сите работи, што во докторски шифри значи да се подготвам да умрам. Тоа значи да пробате да има кажете на вашите деца се она што сте планирале да им го кажете во следните 10 години за само неколку месеци. Тоа значи да се осигурате дека се е средено за да може на вашата фамилија да и биде што е можно полесно. Тоа значи да се збогувате.
Живеев со таа дијагноза цел ден. Подоцна тој ден имав закажано биопсија, каде што ми спроведоа ендоскоп низ моето грло, преку стомакот, ставија игла во мојот панкреас и земаа неколку клетки од туморот. Јас бев под седативи, но мојата сопруга, која беше таму, ми кажа дека кога ги виделе клетките под микроскоп докторите почнале да плачат бидејќи се покажало дека е тоа многу редок тип на рак на панкреасот кој што сепак се лечи со операција. Се оперирав и сега сум добар.
Ова беше најблиску што сум се соочил со смртта и се надевам дека тоа ќе биде најблиску што ќе се соочам во следните неколку декади. Преживувајќи го тоа, сега можам со поголема сигурност да ви го кажам следново отоколку кога смртта беше чист интелектуален концепт: Никој не сака да умре. Дури и оние што сакаат да одат во рајот не сакаат да умрат за да одат таму. Сепак смртта е дестинација која сите ја делиме. Никој никогаш не и избегал. И така треба да биде, бидејќи смртта е единствената најдобра иновација на животот. Таа е агентот за промена на животот. Го чисти она што е старо и прави пат за новото. Сега новото сте вие, но еден ден не многу далеку од денеска, вие постепено ќе станувате старото и ќе се чистите од патот. Се извинувам што сум драматичен, но ова е многу точно.
Вашето време е ограничено, па така не го трошете за да живеете нечиј туѓ живот. Не бидете заглавени во догма која е живот по резултат на туѓото мислење. Не дозволувајте шумовите од туѓите мислења да го удават вашиот внатрешен глас. И најважно од се, имајте храборост да го следните вашето срце и интуиција. Тие некако веќе знаат што вистински сакате да бидете. Се друго се споредно.
Кога бев млад, имаше едно прекрасно издание наречено Каталог за целата Земја, кое беше библија на мојата генерација. Беше напишано од еден дечко Стујард Бранд недалеку од Манло Парк, и тој го донесе во живот благодарение на неговиот поетски допир. Ова беше во доцнитњ 60ти, пред персоналните компјутери и пишувањето на компјутер, па така се беше направено со машина за чукање, ножици и полароид апарат. Беше еден вид на Гугл во печатено издание, беше идеалистично и преплавено со одлични алатки и забелешки.
Стујард и неговиот тим издадоа неколку изданија на Каталогот, па кога ги поминаа сите теми го издадоа и посленото. Тоа беше во средината на 70тите а јас бев на ваша возраст. На последната страна на тоа издание се најде фотографија на пат рано наутро, онај на кој можеш да се замислиш како стопираш ако си доволно авантурист. Под неа беа зборовите: Остани гладен. Остани луд. Тоа беше нивна порака за крај кога се одјавуваа. Остани гладен, остнаи луд. И отсекогаш го посакував тоа за мене. И сега кога дипломирате за да почнете од почеток, ви го посакувам тоа вам.
Останете гладни. Останете луди.

RIP ГОЛЕМ ЧОВЕКУ
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.277
Поени од реакции
323
Draga, najjprvin izvini za podrskava latinicna, toa e, nemozam da go sredam do utre lap-topot.

Se molam da se oslobodam od celiot pritisok, isto kako i lani na startot na akademskata godina. Barem nauciv na nekoi greski od lani i si vikam deka ce bidi podobro, Planovite vo zivotot poleka no sigurno mi se ostvaruvaat, se cini deka go najdov resenieto za mnogu moi sega veke minati problemi. Koga samo bi gi ispolnil 2% od moite idei svetot bi bil barem malku podobro mesto za ziveenje.
Tolku od mene, pa od utre ce pisam so makedonska podrska za da se iskupam
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Драга, сакав да ти напишам нешто но уште еднаш го прочитав горе-постираниот говор на Стив Џобс и сфатив дека нема смисла тоа што требаше да го пишам.

RIP голем човеку :(
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Кајги,
Смачено ми е од се, многу сакам да работам и да купам стан да одам некаде подалеку од моиве.Сакам да живеам сама и да имам некое милениче, хрчак, куче или зајче. Знам дека тоа не е можно, и мислам дека никогаш нема сама да живеам:( освен ако не ја напуштам земјава, ах ни тоа не можам:( Знам многу се жалам, ама стварно ми треба промена.Се надевам на подобро утре, знаеш дека не сум песимист.:)
" Знам дека тоа не е можно " .. " знаеш дека не сум песимист "
:)
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Сакам јавно да им кажам фала на сите што ме дружеа месецов и што ги упознав, не сум знаел колку фини луѓе имало кај нас и тоа од помладите генерации :).

Дечките што ги запознав последниот месец на фудбал (и тоа секојпат по некој нов ќе дојдеше ) и другите со кои договарам баскет се помлада генерација, јас баш ко Малдини им доаѓам ама бе не се приметува разлика. Се дружиме и играме ко да сме први другари од маало. Сите што ги упознав, културни и супер воспитани, нема фаули (два фаула на 3 утакмици се ништо од кој што еден јас направив) и нема пцуење и нервози, да се чудиш. Можеле машки супер да се дружат, да не си ставаат сопки и да не љубоморат еден со друг ама изгледа требало да се дружиш со одбрани. Дечки ме одушевивте досега (y).

Често поминувам покрај теренчето кај Влае и ќе седнам на по 10 мин да видам како играат други фудбал и репертоарот на реченици е секогаш ист: ти ибам мамата како промаши, те ебам у гс, мајмун еден, не ми се прај да не ти мавнам една, ти ибам глупите итн итн итн.

Тоа кај нас го нема и кој ќе рече младиве генерации биле идиоти не ја видел постарата, со овие со кои почнав да се дружам станав оптимист дека државата ќе ни ја биде, ќе ја средат а ние малку постарите со искуство ќе помагаме :).

За сите со кои се дружев последниот месец, дечки и девојки секоја чест, на фудбал, во маало, на мсн или ФБ, на собиранката, ме живнавте. Си имав и некои мои приватни проблеми ама сите се покажавте на ниво иако со некои се поткаруваме па се смируваме па се игнорираме ама пак се почитуваме и си простуваме грешки :).

Ме направивте оптимист дека и во оваа држава може да се живее фино и да се има супер друштво.

Ќе се дружиме уште доста време, фини луѓе не се испуштаат (y).
 

Amelie

Intelligence is sexy!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
16
Поени од реакции
19
Кајгано, да си кажеш драгичка! :D

Лезетски си пивкам нес, конечно, направен на нестудентски начин, ами со млеко. Мерак да ти е да го голташ, па тоа пената... па, па, па.:love: Единствено добро нешто од сабајлево е времето одвоено за самата себеси, заслужен саат мир.
Јас, музиката, несот и ТИШИНАТА.

Обврски еден куп. Германскиот и јас немаме некоја голема љубов, туку голема антипатија еден со друг. А до крајот на семестарот треба да створиме љубов над љубовите. Како, немам идеја, а, мајке ми, ни замисла. Ако, животот не оди по нагорна линија во стилот - најтешко, потешко, тешко, средно, лесно, полесно, најлесно. Оди по обратен редослед. Колку порано го сфатиш тоа, и се помириш со истото, добар си. :cool:

Него, дојдов да промрчам за друго.
Ме нервираат неамбициозни дечишта, кои цело време викаат како не им се учи.
Ми иде да ги убијам со германскиот речник кога ќе го слушнам тоа! :mad:

Не сфаќаат, дека најлесно нешто во животот, е учењето од книга. Се друго е тешко, а е тешко затоа што нема книга, нема упатства, нема ништо. Никој не ни го сечка, па ни го гмечи и не ни го пика животот во уста, наше да е само да голтнеме. Па, чукнете си ја троа главата и опрајте се со време. Дека еден од начините да го натераш животот да е за нијанса повкусен за голтање, е со книгата во раце. :)
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.051
Поени од реакции
24.878
Абе овие биле бетер од пролив бе и се шират на секој подфорум. Секој ден чекам да ја запоседнат и играчница за да дебатираат дали стварно некој баш Како ли јас да пораснам во моментот што ја слуша и да го убедуваат дека уствари тоа е нешто друго а не е песна, и дека смешкото со којшто го замислуваат некој член нема никаква логичка или математичка основа да е стварно така, и дека тоа што некој го насмеало денес е производ на неговата имагинација и нема антрополошка основа.

Да ми прости софра ама од такви ''интелектуалци''

 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Dear future Magde ..
Do not mix vodka, energy drinks and beer...
You'll get a hell of a stomachache like the one you have now...
And even worse hangover....

Драга, се ме боли и ми се мути.
А треба допрва на работа да одам.
fuck.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Абе овие биле бетер од пролив бе и се шират на секој подфорум. Секој ден чекам да ја запоседнат и играчница за да дебатираат дали стварно некој баш Како ли јас да пораснам во моментот што ја слуша и да го убедуваат дека уствари тоа е нешто друго а не е песна, и дека смешкото со којшто го замислуваат некој член нема никаква логичка или математичка основа да е стварно така, и дека тоа што некој го насмеало денес е производ на неговата имагинација и нема антрополошка основа.

Да ми прости софра ама од такви ''интелектуалци''
тотално те подржувам, нешто што највеќе ме иритира на форумиве
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom