Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 ноември 2009
Мислења
370
Поени од реакции
710
Знаеш, возовите се прекрасна работа. Кога треба да идам некаде со воз сум пресреќна. Свесна сум дека големи се шансите возот да доцни со саати, и големи се шансите да нема ниедно слободно место и да стојам до коза или слично, и кондуктерот кој најверојатно ќе биде поднапиен ќе ми дроби над глава зашто наместо до Битола, имам карта до Богомила, а и луѓето во купе не разбираат дека ставањето слушалки значи игнорирајте ме за било каков општ шо-има-интересно-во-твојот-град муабет. Железничките станици, приказна за себе. Еротики, со исклучок на скопската. (yea skopyans, модерна е вашата, го нема шмекот). Околу секоја железничка мора да се мотка некое маче или куче, и додека мирно го чекам возот кој доцни, кутрето трчка по луѓето. Некои си играат со него, некои го бркаат, а јас ќе си ја поделам панцеротата со него и ќе му направам ред муабет. Добро, не ја делам буквално, ќе му дадам од краевите каде што има само тесто, за на крај да го залажам и со некое шунче и печурче. А за муабет, damn right дека му правам муабет. И ме слуша бе.
Додека патувам со воз се имам заљубувано милион пати. Некој рандом човек, без разлика дали ќе правам муабет со него ил не, си го гледам и се заљубувам во начинот на кој ги врти страниците од книгата, во начинот на кој ко теле зјапа низ прозор и ги гледа селцата кои ги одминуваме, начинот на кој си удира со ногата додека си слуша музика... Омилени ми се оние кои се залепени до мене кога има премногу гужва. Кога „ненамерно“ ќе си удриме по неколку лакти или ќе се згазиме неколку пати, за да стигнеме до некој проѕирен муабет. Обично таа љубов ми трае 3-4 дена, и после заборавам на типот комплетно. Дури и Саше од неделата веќе ми е бледо во меморија.
Единствено место за кое имам повеќе љубов од возовите е кровот на мојата зграда, но за тоа место никогаш не зборувам. Толку е совршено, и ако зборувам, се плашам дека ќе го расипам.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Некако сујм расположен од сабајле затоа што после ќе трошам значителна сума на пари да си купам нешто, не е консумеристички предмет туку е предмет за општо подобрување на квалитетот на мојот живот и тие во поблиска околина :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Вчера цел саат чекав пред една врата и кога дојдов на ред излезе службеничката ми ги даде моите документи и ме упати да чекам пред друга врата ако тука по правило се чека за тоа нешто, па чекав и пред другата врата помалку од саат :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Како тоа сум фин културен и го тргам понастрана кучето да не направи беља, а тоа гнасната чивава џавка таму, пичето вика еј се уплаши :icon_lol:. Ами ако го оставам на истата страна има да го удави тоа глушецот гнасен во еден потег :icon_lol:. Не е толку храбар колку што е лојален ако го тргнам настрана забегува нормално, но ако застанам застанува пред мене не мрда и другото куче кое што обично е пуштено само стои на дистанца и по едно десет секунди овај почнува да ржи страшно многу моќно и лае најсилно што може. Чека да почувствува јас како ќе реагирам....

Му реков дека ќе му истечи мозокот :icon_lol:, го прашав кој го тепаше сега ми одговори да не сум го заебавал :icon_lol:, јак е П. не се ни онесвестил на болница му предложиле со инвалидска количка да го пренесат до заразно, каква количка пешки :icon_lol:. И во хируршко и во заразно биле вчудоневидени како тоа сам пешки и свесен се довлечкал тука, тврда глава има како питбулот ама ама напукнато челото му е сигурно. Како со чекан да бил удрен по глава кога го удрила тоа цевката железна кога го правел скелето така ми опиша.

 
С

Сатори

Гостин
Официјална инсомнија.
Сакаааам да спијам, па не барам многу, ни мене не ми е толку нечиста совеста.
Сонувам за сон. :sleep:
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Добро бе Кајгано нели е жално и срамно да ги амнестират тие шо ги пукаа наште татковци у 2001, нели е срамно да зимат пензии од наште пари од наште даноци, нели е срамно да седеме дома дремам и ќутаме како ништо да е ...... Нели е срамно? утре и западна ќе ни га земат после шо прааме, после наште деца ќе треба да учат нивен јазик????? кајганооооооооооооооооооооо
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
Draga,
Te napustiv malku...no besee mnoguu DOBAR odmor odmoriv glava od nekoi luge :)
Vo ponedelnik pak odam da si gi dosredam mislite :P:P:P:P
Da samo malku se razocarav kompiuterov mi e...NEVEROJATEN!!! Mi se rasipal....no da jas veruvam vo mojot tatko deka ke mi go namesti :P:P :pipi:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
Passed down to you.
8 days from my arrival to this remarkable place and yet I feel like it was yesterday. Its funny how time flies when you have much obligations around the house. But on the other hand...
Went to look for my safe heaven.
So says Saladin.
P s. You looked wonderful yesterday evening.
 

Veela

The One ;)
Член од
19 јули 2011
Мислења
45
Поени од реакции
35
Драга кајгана,
Еве сега гледам дека чувството да станеш рано сабајле е незаменливо. :love:
Да ти се пофалам дека станувам секое сабајле во 6:30 за да трчам, трчам километар ипол - два, и после се враќам дома со брзо одење.
Да да, вистина - чудо од мене тоа. :ROFLMAO: Со инаетов како што сум тргнала...
И гледам да појадувам нешто поздраво како на пример житарици со млеко, овошен јогурт, лубеница или двопек со чај. Благото го отфрлив од мојот речник, иако не комплетно - секоја недела имам по еден ден за „одмор“ и тогаш не трчам, не правам никакви вежби и се почастувам со една редица црно чоколадо. (И не се прејадувам секако)
За вежбите - вежбам секој ден или по двапати или трипати: кога ќе се вратам од трчање стомачни обавезно и други вежби за зацврстување на нозете и мојата задница :), а и пред спиење обавезно истите вежби. И навечер кога ќе се смрачи малку, накај 7 - 7:30 возам саат време ролери или точак.
Епа така мила кајгана, јас си се испофалив... :P
Се спремаме за на плажа, мора да ослабнеме и да се затегнеме.
Чаос! ;)
 

Violent Femme

I am as lovely as a dream in stone..
Член од
27 мај 2011
Мислења
725
Поени од реакции
525
Драга К.
Лудило еј.
Сватив дека полесно е да му зборам на мачето и кучето отколку на некои луѓе,не се напнувам барем а ме слушаат плус и што убаво ме гледаат срциња.:D
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Кајгич денес беше културна менструација на пивото. Колку смеа само Кајгич . Сме те оговарале и тебе " Си била најгрудестиот форум " . Сакам Кајгич у бикини да им се внесиш на сите у фаца што шлапаат за твоите груди. Сокот од јачмен ја смири денес мојата совест, ама ќе ја сакам уште - шизика е Кајгич. Да видиш Кајгано како виртуелно управува со мојот живот, а јас бејби таков малечок ко кокиче. Платонска е тоа бејби љубов а башка и влаинка е... Ја сакам со сите крстови на чело. Ќе биде моја некој ден...
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Замисли, се посрав од програмирање денес :icon_lol:, чоек да не мој да поверва.

Ај ко за последно, нека биди жустро али и убо :)
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
83
Поени од реакции
2
Dear,
Мислам дека цела година немам пишувано..епа мојот живот е малце променет, мислам дека последниот пат кога ти пишав ти кажав колку заљубена сум ..епа уште сум во истиот човек кој ме прави најсреќна на свет и иако сме далеку функционираме... и иако се караме чат-пат битно е што се секаме..ете една моја тешкотија да ја споделам со тебе...тој требаше да стигне утре во нашата прекрасна македонија, ама дури во понеделник е можно да стигне или покасно а јас веке немам нерви за чекање мислам дека ке полудам.Готово толку мн ми недостига што ништо не ми е како што треба ама храбра сум и ке издржам само ми е криво што морав така бурно да изреагирам преска кога ми го соопшти ова .. Ама таква сум премногу избувлива, тешко се контролирам..Се надевам дека се ке биде во ред..
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д.
мислам дека не сум доволно запознает самиот со себе ( или така се праам?), психички.
во се' некои нови ситуации се изненадувам самиот себе си.
што ли е ова? нов глупав, тапа период во кој по цели денови ќе седам замислен и по малку депресивен? ма дај....не сакам пак.
не знам друго што да ти пишам. се плашам нема да ме разбереш и затоа ќе си поќутам.
само да знаеш прв пат после месец дена станав рано.........дури во 10.00 :eek: кома.
и добро е што дојде Матео. Барем имам на кого да му ги покажувам "убавините" на градов, а може и во други одредени градови низ државава, а да не станам досаден. обожава детево природа, географија и такви работи......1000% ќе ужива.
ај сега малку извини ме.
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
Јас сум нетрпелива и малку несигурна. Правам грешки, губам контрола и на моменти тешко кој може да излезе накрај со мене. Но, ако не можеш да ме поднесеш кога сум во најлоша состојба, тогаш сигурно не ме заслужуваш кога сум во најдобра.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom