Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
S

smexy

Гостин
Имам само една молба...само една работа сакам да ми се оствари....една молба до Бог....

САКАМ АФРО ФРИЗУРА!
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Убав ден, го слушам Johnny Cah - Walk the line, можеби до вечер ќе го гледам и истоимениот филм, ми се допаѓа Joaquin Phoenix, многу добро си ја одигра ролјата.
Туку што би беше зборот, ааа да се нервирам секогаш кога се организираме за одмор, ма не сакам одмор на кој релацијата е плажа-хотел, не сакам да се седам 10 дена на исто место, морам рационално да ги искористам моите убедувачки способнoсти да направиме некое кругче, во секој случај позабавно ќе биде отколку да дремеме на едно место.
Планот е готов само уште да се реализира.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
Драга,
Сите полека но сигурно ми ја доделија титулата Хејтер.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Каква младина... куп хејтери нихилисти кои не знаат да испочитуваат настан заради некој детаљ што не им се свиѓа околу истиот, им пречи жешково ко да е некојаси болест што ги оневозможува да функционираат, не знаат да си го ценат здравјето што го имаат и со кое можат све да напраат, уфилмани се да идат да работат летно време во Америка а одбиваат да работат како келнери во Скопје, се жалат од досада а имаат, повтарам, и здравје и компјутер и интернет дома. Се жалат дека немаат пари а ги фрлаат за глупости. Не сфаќам. Не бива да не си незадоволен, ама не бива ни да си вечно-незадоволен без идеја за промена. Или кога имаат идеја, тоа е чиста теорија, без размислување за практична примена.
Vaya con dios фуче. Планот е со гласна музика да натерам некој комшија да ми заѕвони и да прашам случајно да не иде у продавница пошо ја не можам.
Најмоќниот женски глас:

 
T

Torchyrus

Гостин
Драга предрага кајги последните 3-4 дена поминато време дома се на се 6 часа сосе спиење thats cool ама денеска планирам онака кејфски да си иседам на кајгана и на фејсбук одамна не сум се уклучил да се початувам малце освен само шо оставам статуси за моите релации и по некоа заебанција ... то е то а и временцевоо убаоо штета шо само една смена останав на работа ми се седеше поеќе :D zz поздрав од мене и од Дуле Врапче ми рече да те поздраам
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Драга ....

што ли треба да направам за се во животот да ми се одвива ко што треба ... едно ќе поправам, друго ќе се расипе. Не можам веќе жими се, преку кур ми е од неисполнети ветувања, од глумење, од лажење .... премногу добри глумци се луѓево, сееа дури сфаќам дека животов е една заебана театарска претстава!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Драга,
Полека но сигурно стасав до апчињата на Д од 5 мг. Знаеш како е кога сите сакаат да ти помогнат,а кога ќе им го слушнеш гласот те тераат да им се дереш. Очигледно попуштив со нервите и незнам кога ќе прекинам да го буткам ѕидот со глава. Незнам зшто ваква душа ми долелил Господ, не ме научил никој да лажам, крадам, ниту да глумам...Не ме бива и нема да научам. Ниту сексот веќе не ми помага, ништо не ме смирува, мразам кога се наоѓам на раскрсници кога незнам што е правилно, кога срцето ми вели едно, а разумот друго. Мразам се овие денови, сакам некој да дојде и да ми каже: Девојче ова батали го,а со ова продолжи зошто ќе умреш за брзо време од мозочен удар.
Така да ако ме нема долго време запали ми свеќа,сум скинала од нервози.
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Кајги

Јас само да те поздравам, во минус сум со време и не седам многу многу на нет. Животот денојве ми се сведвит на работа и скитање, дома се враќам чат-пат на неколку саати за спиење, а понекогаш и за јадење. Мама ме заборај како изгледам :P
Иначе, не дека не си ја сакам работата преку лето, ама досадна ми е. Со тапа луѓе. Требаше да се вработам келнерка на некоја фенси плажа и да умирам по сонцено со пива в табака. Not xD

Папа :*
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Мала,
си ги бушев ушите денес, па малце ми горат сега. Ама ако ми е... пак да оставам носење на обетки.
Ептен залади и изгледа ќе заврне, да ги почестам пријателите со Rain-BB како што е адетот.
И може ме мрзи да цртам, ама затоа иам сончоглетки на нокти. :love: 2 саата изгубив за нив.
Поубаво е вака, нели? Бар не се нервирам.
mwah4e
 

LGBT

Weird
Член од
20 јули 2011
Мислења
329
Поени од реакции
157
Гледам сите овде пишуваат како темава да е личност, па ајде ке ставам мислење и јас :)

Кајгана...
после година и нешто следење овде јас се зачленив.Се надевам дека добро ке дискутирам (само тоа го барам од тебе).

А на оваа тема може и нема да постирам повеќе.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.430
Поени од реакции
16.738
Кајгано,
сум почнал многу да се опуштам таму кај што не треба.
Не убаа работа :/
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
драгичкаааааа.....
слушам муабети ќе ме унапределе....
ако бидне нешо.....че ти купам нов маус :)
***​
срцка.....мразам падобранци...барам дозвола да ги пукам
***​
срцка....се повеќе ми се допаѓа Вики......како е слатка........​
 
S

Shimamoto-San

Гостин
Драга, незнаев каде да пишам, а морам да ја канализирам тагава и носталгијава некаде, бидејки во спротивно ќе скинам конци. Ќе звучам патетично, ама don't give a fuck. ТЕШКО МИ Е!
Тешко се дише, се потешко секој ден, а кога ќе помислам на бројката станува најтешко.
Два месеца. Два проклети месеца ме двојат од деновите кога сеуште се надевав. А знаеш што рекле за надежта. Ех Драга моја, рекле дека е најголемото зло, дека го пролонгира страдањето и измачувањето. Не го знаев тогаш тоа, или знаев ама несакав да верувам. Во секој случај, се се врати и не тресна од земја како ништо до сега.
А сега место неколку улици, ладна мерменра плоча не дели исто како светлосни години.
На моменти се чуствувам како да беше само познаник од сон. Секое ќоше во кое сме седеле, секоја солза што ја пролеавме заедно, секоја ноќ во гаражите, секое караоке шоу, секое тавче макарони испразнето за помалце од 5 минути, секое пиво испиено, секоја флаша скршена, секое вино исповратено, секој хамбургер од кватро, секоја прошетка до Прч и назад, секое вирче од плуканици, секој ден поминат низ проклетите бели ходници, телефонските разговори, погледите низ стаклото, секоја порака пристигната и испратена, секој ебан план кој отиде во неповрат, секој проклет разговор за иднината. А неа ја нема, не за него.
А мене еве ме тука, дишам,сонувам,планирам,плачам,се смеам,живеам,без него. Се се движи без него.А тој факт ми смета.
Благодарам што постоеше, благодарам што живееше во правата смисла на зборот, благодарам што ме научи да живеам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom