Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
С

Спенсер

Гостин
ДиКеј.

Веќе втор ден се мачкам со гарамицин и контратубекс :)
Ваљда нема да ми остане голема лузна на ногата... И да, пак ќе одам на Водно да возам "downhill"...

ајт,чао пријатно :)
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Драга...

Не сакам да лажам, не сакам да кријам емоции, не сакам да бидам дволична...И не можам така едноставно...
Што сака нека биде...На крајот, најважно ќе биде ова...


зарем не?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
ДџК

Шо му е на луѓево одсабајлечки бе? Од дома до работа 10 души можев да манам со моторот... (даваат бонус поени ако ги погодам сите ? ) Па уште и застануваат да се расправаат. Неарнини...Од ветро ќе да е проблемо, така мене ми изгледа... Баеги дуваше последниве 2-3 дена, па најверојатно и то малку размислување со своја глава некако се помати....
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Не ми се иде на работа бе куров ми веќе.... ми здосади.
Па уште петок денеска, кој ќе ги трпи она старцине по автобусиве :mad:
 

• Tαммι •

Гостин
Кајг,
преку другарицава веќе ми е еј. Ќе изубијам се живо. Фала многу, пријатно.
Ах да ...уште само 5 дена роденден...после одмор и не се замарам со никој така да си знаеш! ;)
Поздравв..:love:
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
You love him.
He loves her, or should I say worships her.
She doesn't give a fuck.
И ај кажи ми како би требала ја тука да помогнам?!
Што сте комплицирани...:confused:
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
ој Кајгано моја мила :)
денес има да биде интересен ден :) денес сум расположен :)
само да не дојдат она идиотине од Велес :)
се читаме после 2200 :) bb :)
Тралалала.

*единствена добра предност како модератор - утре ќе го сменам мислењево и ќе е боље отколку сега.
Lucky You :D
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
добро бе Кајгано нели е срамно? тие балистите некни пеале против Тоше?? е има ли граници на глупостите нивни и на злите мисли??????
 
H

HITCH

Гостин
Драга Кајги,

Овој викенд ќе биде лудило!!! Да видиме овој пат колку олуци ќе бидат изрешетени.:pos: :pos: :pos:

 

• Tαммι •

Гостин
Кајг,
само мојот брат може во рок од 6 дена да има 4 пати потрес на мозок.... Стварно е легенда.... :(
Ми фали мојот сон жутке.
ПОздрав. :love:
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Драга...

Мислам дека сум ти зборувала за тоа дека ги сакам звездите..Ми даваат чудно чувство на спокојство,ме исполнуваат.Дури некогаш мислам дека и без да изустам збор знаат што сакам да им кажам..Нивното трепкање за момент прави да се почуствувам како и да ме разбираат за нешта што многумина не би ме разбрале.Мудро молчат во моменти кога имам потреба од тишина.Можам да стојам со часови и часови да ги набљудувам,често знам да составам букви од нив, форми и слични работи кои ме навраќаат назад во детсвото и ми будат убави спомени.Понекогаш сјајот на звездите го споредувам со сјајот на очите.Најчесто ова се случува кога во себе имам чувство на прзнина, или пак кога лица кои ми се драги ги немам видено долго.Тогаш сите тие ми се тука блиску, скоро на дофат на раката...Хармонија драга хармонија:pipi:
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Кајгич вчера едно слатко палаво три годишно суштество со вселенски плави локни и сини очиња ми беше на гости... По милионите прашања " и после, и после и после" , по милионите пати пеења на Сини очи има Јана кај шо ја ја глумам Сара а слаткото детуле Владо Јаневски, по милионите обиди да ги дофати ѕвездите и да касне од месечината оти и личела на сладолед, по милионите обиди за тероризирање на цивилните локални меченца и мајмуни играчки ( кај едното од мечињата денес забележувам блага шизофренија), по милионите обиди за киднапирања на цвеќињата во дворот и го пуштив мечето Ушко за да порасти уште некој сантим и слатко да нана.

П.с 01 по полноќ. Мечето ушко хипнотизирачки делува на мене , ко тешка лсд дрога која ме фрла директ у длабок сон. И тогаш кога мислев да и додам цели парчиња овошја на месечината и лакомо да ја изедам се појавија чудовишни Финци и ми ја изедоа Месечината. Hard rock aleluja, hard rock alelujaaaaaaaaaaaaaaaaa... Компјутерот ечи,малата пјева, а јас станувам од сон ко попарен. Штракајќи низ компјутерот ги нашла (случајно) нејзините омилени Лорди. И да Малата секако дека мисли оти Мечето ушко е комунистички фраер кој не е доволен уметник за да и ги покаже убавините на сонот. Значи да заклучам мене ме заспа мечето Ушко неа не. Днешниве деца се вистински виртуози...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom