Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
К

Кики.

Гостин
Draga, (sorry nemam kirilica)
ee Draga... se ispalsiv od sebe, od toa kolku mozam da ziveam bez bliski luge i od toa kolku raboti koi mi falea sega vekene mi falat. Ovde e veke 4 nautro, a jas samo sto se vrativ od edna zurka kade sto na masa bevme samo Skopjani i fino bese da se zbori malce skopski na mesto kaj sto nikoj ne te razbira. Me plasi faktot deka bi mozela da se naviknam na ovoj zivot i deka vo idnina nema da mi bide kako sto si zamisluvav. Se plasam od mojata nezavisnost i od pravoto na izbor, samo poradi toa sto ako veke biram nesto toa ke treba da bide za cel zivot, ke nemam vtora sansa i ke treba da ziveam so svojot izbor kolku i da mi bide ok ili ne. Eh Draga kolku raboti mi se vrtat vo glavava...
aj idam da spijam pozzz
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Кајгано те потекоа дека 10 дена ќе ги немало м?
 

• Tαммι •

Гостин
Кајг,
Да излезам ваква на малечко дете има кошмари да има доживотно од мене. Бледа со подочњак до колено....пропадната цела од главоболкава...па уште и не спиена... Мераци бе мераци.
Инаку, само сакам да се заблагодарам на не знам кој или што, што ми го врати братот здрав и жив. Со потрес на мозок,неколку пукнати ребра и малце гребатинки ама добро е можеше да биде полошо. Го обожавам бре.
Одам да дрмнам кафе доека не сум се онесвестила, затоа што многу ми се спие.
Љубов до тебе. :love:
 
H

HITCH

Гостин
Драга Кајги,

Вчера буквално немав видено бел ден од ролетните, како се забарикадиравме бејб... :pos: Драга, за овие луѓе се бориме да гласаат, имајте повеќе срце и сочувствувајте повеќе со загубата. :pos:


Ај, поздрави и честички:

 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Драга,

Идиот сум, идиот сум што дозволувам такви дегенерици и кретени да ме изнервираат. Али од сега, нов лист се врти. ;) Топката ја префрлив на мојата половина. И да, no more Mr. Nice Guy кон такви. Биди ми поздравена мила, се читаме у друга прилика.
 

Tired..

of fаke fаces
Член од
16 октомври 2010
Мислења
150
Поени од реакции
19
Драга,

nobody knows.
И да лута сум му на човекот. Незз до кога.
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
386
Поени од реакции
98
Кајг како лудак се чуствувам додека пишам, сама со себе дебатирам....... дешават се многу работи, од една страна е супер затоа што и сакам брз живот али од друга е многу лошо не знам дали правилно постапувам али WTF одмарам.....
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
Ми се иде на Лефкада страшно, страшно многу!
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д,
УБАВИТЕ КРУШИ СВИЊИТЕ ГИ ЈАДАТ.....

оваа поговорка не ја сфаќав сериозно се до пред некое време.
меѓутоа пак заборавив онака не и дадов големо значење и кога пред саат-два пак пред мене оваа поговорка во практика. :confused:
жална е оваа поговорка за КРУШИТЕ.

инаку да се навратам за денска, цел ден ми помина во гости и работа :cautious:
сега си кулирам на ПЦво малку и се чудам колку е чудна природава,а и нештата во неа.
ај ча-0
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Летни денови коа не си на одмор и седиш дома

Чудно е, толку се радував на летово а сеа имам чувство како да сум на свадба на некој непознат роднина, од мајчинска страна, кој не ме видел 10 години и мисли дека уште може да ме штипка за образ. Имаш толку јадење на масата а пијачки моеш да нарачуваш колку сакаш ама ти е досадно и едвај сакаш дома да си идеш, да си седеш без везе и таму да се досадуваш. Епа така гледам јас на летово. Едвај чекам да заврши.
А што правам уствари у тие денови кога ништо не правам и седам дома. Се будам у пладневните часови, кога веќе на комшиите почнуваат да си викаат добар ден меѓу себе а ти уште ги немаш очите измиено а за забите да не зборам. Се будам практично влажен како малолетничка на веспа ама овој пат влажноста е под мишка. Земам се туширам и у исто време се потам и сфаќам џабе им трошам вода на моите, ке можат со таа вода што ја трошам да си реинкарнираат умрените билки на тераса, за кои верувам дека секоја вечер се обидуваат да скокнат сосе саксија во амбисот од 4тиот кат. Земам сепак даљинското од климата и го пуштам на поларни температури. Пар поларни мечки доаѓаат на сцена кај мене у дневна и играат монопол. Палам компјутерот и сфаќам дека веќе сум го направил тоа коа сум се влечел од соба до веце. И потоа сфаќам дека 10 минути уствари од коа станав блеев у празно сред соба.
Седнувам на интернет и у меѓу време пијам вода од фрижидер која е во полу-тврда агрегатна состојба. И тогаш почнува борбата со времето. Како да преживееш дур не се стемни и да почнеш да дишеш од надворешниот воздух. Фрлам еден здив надвор и почнува нормалното дишење. Ама проклетите мушички веќе ти ја направиле собата место каде што може да прават оргии и се обидуваш да ја растуриш таа сексуална игра на мушичките со балетански потези низ собата. Само што си ги истерал тие, доаѓаат нивните далечни роднини комарци и се одмаздуваат со тоа што ти вадат нафта од кожата. И ај почнува Втора Светска Војна. Завршуваш со нив и решаваш пак да се вратиш над компјутерот. Киснеш до скоро сабајле и у меѓу време имаш неколку битки со мушичките и комарците но се понашаш ко Борг и сфаќаат дека resistance is futile и бегаат од твојот видеокруг. Завршува денот и си сфатил ништо не си напраил. Среќа утре е друг ден. Можда и ќе излезам некаде. Еј, порака...
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
абе Драга уба работа е пивофестов само ме нервира шо носа секоја година фолкери и народов газ дава за да ги види
цццц
кај отиде светоф бе....
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
И ја сакам.Зашо немам среќа? :(
И официјално, најглупаво лето досега. :(
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Добро сега дали сериозно мислиш дека не сум свесен што се случува :icon_lol:. Знам се ама сакам да си го вежбам мојот меч со твојата магија :icon_lol:, исто како во шахот само мнооогу подобро со првиот потег знам како сакаш да излези после дузина по него :icon_lol:, па ја играм играта зошто да не како мачката што си игра со глушецот :icon_lol:. Тоа е мојата дарба и е природно нешто не се учи само се усовршува со нешто принаучено собрано по пат, но таа е тука понекогаш е дарба понекогаш проклетство зависи како се гледа ама најчесто ја гледам како дарба :icon_lol:.

Било како било поминало ама сега треба да станам и да завршам некои работи....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom