Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 октомври 2009
Мислења
502
Поени од реакции
113
...Драга мојаа....
Ги зема мајка ми оценките...шаренко е не викам не...али ајј ќе се попраиии...страФ ми е утре одговарм хемијаа а до нигде суУуум али ајј:toe:...Силен човек сум јас!!!:helou:.. Те сакааам..Па ќе ти кажам утре што бидна од хемијаа
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.267
Поени од реакции
2.268
Е па драга, ајт сеа пред легнување да ти пишам!

Читав на твојот портал дека вечерва ќе има летечки птици т.е. небото ќе биде распослано со метеорити, како бисери на дното на морето! Но, кој сега да седи да гледа кога капаците ми се поклопуваат за спиење. А си викам сега да останам буден до кај 1-2 да ги видам, да си замислам желба, па можеби универзумот ќе ми се наклони, ќе се потруди и ќе ми ја исполни :D

А што ако не ги видам!? Ојде јабана вечерот, ојде јабана сабалето, ојде јабана утрешниот ден!

Инаку имам и да ти кажам уште нешто:
Денес играме фудбал на физичко кога при крај на часот при резлутат 8:8, погледнувам во патиките кога гледам ми се скинала десната патика! Толку се изнервирав зашто ми е речиси нова, барам топка и си велам кога успеав патика да скинам(ќе успеам и женска:pos2:) ќе успеам и гол да дадам. Правам 2-3 финти, шутирам со скинатата патика и давам гол за 9:8 и за победа.

Чувството на гордост и радост поради победата го поттисна чувството на тага поради скинатата патика. Еееее што убаво беше кога беше невина патиката, сега вака скината ми е срам да ја носам со себе, ама тоа е!

Ај добра ноќ сега и убаво небо нека имаме вечерва!
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Епа.
Фак ју.

Поздрав и се читаме кога ќе добијам М.:pipi:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кајгано кога си фин со луѓето почнуваат да им растат рогови,кога си лош те обожаваат.Ај најди нзс:toe:
Сакам да ми се случи нешто интересно,оддамна нема дешавки...
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
овие два дена посебно денес ми се тотално утнати а јас распад система не се чувствуам себеси више, како душата да ми спие далбоко некаде во телото....

секој ден но денес е врв тапа уморна сум од работа, а постојано сум со нависнати џебови надолу да не речам и секогаш дупнати... добро туј и тамо се наоѓа некое денарче не викам не некој ситниш колку да поминеш, колку да не си без ич...

а за содржината на животните случки и да не зборам се е празно како сцена после голема престава, никој никаде, пусто и напуштено...

периодов ми е планина голема, тешка и магловита а некогаш мрачна и непредвидлива, која треба да ја изодам до крај се надевам ќе имам сила да издражам. :toe:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Пред 8 саати --> :спиеспие:
Пред 6 саати -->:вокревет:
Пред 4 саати --> :орооро:
Пред 2 саати -->:поспан:
Сега -->:спиеспие:
За две минути -->:вокревет:
За 6 и пол саати --> :поспан:
За 7 саати --> :школо:

Кајгано, дај ми сон малку...
Не можам веќе вака. Секоја слободна секунда ја користам за да дремнам малку.
Бегам додека ме држи дремкава. Ќе ти пишам деновиве пак.

гладиус:salut:
 

●Mαrια...«3*

♥ 3 ♥
Член од
3 април 2009
Мислења
692
Поени од реакции
68
Драга...
Имав прекрасен ден..
Ќе ти раскажувам деновиве..
Само да те поздравам и одам јас да спијам ..
Биди ми поздравена ..
Се читаме денојве . .. хаха
Тс :back:
 
D

Delux

Гостин
здраво кајгана...абе ај реков да ти се јавам се немаме слушнато,со прајш како си?знајш дека те поштовам многу,шо има ново кај тебе?така ти се јавив да те слишнам...
Абе слушај, да не имаш 100 евра на заем?ке ти вратам жими мајка..ме знајш мене од деца мали живејме за две недели ти ги враќам...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Уморна сум еј, одвај го пишувам ова... ќе си легнам, ќе си спијам, за мерак бе еј... Денес се изнасмеав, луди луѓе кои ме полнат со позитивна енергија имам во околина, ама стварно луди. Бтв, на некој ми се иде да му го пукнам носот, пошто многу почнал да се курнази. Бреј, луѓево... некогаш навистина не можам да ги разберам. Ама како и да е ги сакам. Сите. И ја слушам Мило, Најмилије од Фламингоси и песната не знам зошто, ама ме потсеќа на една многу драга особа, совршени спомени.... и тако даље... :kesa:Уствари знам зашто, ама ме мрзи да пишувам.

....дива јагода...
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Драга Кајгана.
Имам еден од оние дежа ву денови каде што седиш со кафе и гледаш низ прозорот слика која веќе 100 пати си ја видел , ништо не се движи , не се менува. Градежниците сеуште градат а јас сеуште седам со моето кафе во рака кое полека се лади и кога го пијам остава црна дамка на моите заби.
Толку ме мрзи се да направам што дури кога немаше никој во станот мочав со отворена врата од вецето.
Да се туширав верувам дека ќе се туширав со отворена врата од туш кабината.
И покрај се , докторката ми кажа дека BMI (Body mass index-от) ми е низок и дека морам одма да се стаам на зајакнета исхрана. А се што би стаил у уста е чоколадо , секако неможам бидејќи треба торта да се прави од истото а ме мрзи да одам да купам за мене. Фак мај лајф.


Твојот не многу драг , негледач.
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Златна моја...
Заспивам готово...Одвај гледам ама морав денес да ти пишам.Неможе да помине ден така да те оставам да не те погњавам малку...
Надвор е минус незнам колку ама не ми се одеше дома бе...Сакав цела вечер да сме заедно...Ама сепак сум задоволна и среќна оти го видов.Го сакам најмногу и најсреќна сум...Конечно нешто и мене од рака да ми тргне.Зачудувачки ама вистинито...Се надевам ќе трае среќава не сакам нешто да ја попречи.
И да...ќе заборавев...Те сакам кајгано многу! :smir:
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Драга бејб....имав шмек денес на факултет кон една професорка. Шмек на автобуска...испраќав другар. Па во вецето на автобуската ја шмекнав циганката шо наплаќа 10 денари за мочање за да не ми наплати. Ги чував 10те денари за струмички кикирики топлички. И имав шмек у Ред Кафе у Аеродром. Убав и шмек кафич. Онака опуштен....со шмекерско баладична музика.
И еве...шмек кон тебе...онака пред мастурбација пред спиење.
Многу јадам гомна денес нели?...јебига....вишок енергија! :)
 

VertigO

750ml ракија
Член од
11 декември 2008
Мислења
297
Поени од реакции
47
И која е поентата на животот? Како да кажам дека животот е убав? Мечтаеме по нешта, мечтаеме по моменти, мечтаеме по нешто што го нема. И додека се трудиме да излеземе од крај со крај од обврските и проблемите ете ти ги нови..и нови.. и нови.. Но викаат не си сам? Не си ли? На кајот од денот, пак завршуваш сам во својата соба во својот кревет, сам со своите мисли.. Зашто било така зашто било онака. Дури и тогаш се појавува момент,момент, дека ипак не е се толку лошо, дали само си замислуваш.. Одредени разговори те опуштаат насмевката повторно се појавува. Но дали е така или е само привидно? И колку се да изгледа супер и совршено, на крајот никогаш не испаѓа така. Спокојот го нема, душевниот мир одамна те напуштил. Но тоа е само уште една ноќ, исто како и следната, и следната, и следната.. И така до бескрај.. Една бескрајна приказна.

With love
your V..
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Кеј,

Дознавам нови работи за себе, некојси гадни карактеристики, некои причини зошто сум направила вака или онака, ама па и сфаќам дека човек може единствено да напредне ако си ги знае своите лоши карактеристики.Зошто така ќе може да делува на нив, и eventually, после многу повторени грешки и прекори од внатрешниот глас, да стане подобра личност. Ако не ги знае, секад ќе мисли дека е совршен, а факт е дека I/you/we are no different, or no better.

Дефинитивно е дека морам да минам низ многу работи за да осознаам уште многу ствари и за себе и за животот. Битно ми е дека не сум ко магаре во шарена врата што не гледа што има наоколу, т.е. слободна сум во правењето избори. Битно ми е и дека имам човек крај мене, што можам да го замарам кога ќе ме измалтретираат колоквиумите. Како и да е, пробувам да функционирам, наместо да се жалам, зошто немам време ни за жалење.
 
K

Kicky

Гостин
Ајм бек зелена. Оправдано бев отсутна.

Сфатив една работа. Читај сега:

Креативната визуелизација кај мене делува стимулативно, ми го крева адреналинот и ми предизвикува добро расположение во комбинација со позитивно размислување.
Навистина е така. Многу јака работа е кајги.
Кога креативно визуелизирам, дел од мене се чувствува како хипертимна личност на Шнајдер, ведра, добро расположена, оптимистички настроена. И што е најважно другите не знаат дека јас уствари визуелизирам, па се чудат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom