Драга Кајгана
Секој ден порталиве имаат нова статија, чија содржина најчесто се состои од пет или десет причини и истите тие се решение за проблематики од типот на недоволна мотивација, преболување, подобрување на сопствениот живот итн.
Демек некој рандом пишувач кој што ископал по нетов истражување или статистика која ни посочува дека токму резултатот - Читај Статијата ќе претставува мотивација, пошо нели у животов не остана ништо друго за доволно да не мотивира.
Фали уште статија - Мотивација за бришење на гз.
Одлично прашање. Како да ја добиете после обилно кењање? Анално или усмено? Прочитајте ги следниве причини кои се показател дека имате проблем со тоа. И како да добиете мотивација истите успешно да ги совладате.
Еден куп формули за успешен живот/успешна врска/брак секс, а уште живееме во рамки на недоволна информираност во која успешната формула е само маска која е изоставена негде помеѓу праксата и теоријата.
Туку јас не најдов одговор ниту решение за постојано повторување на иста грешка. Односно повторување на постојана грешка. Драга, колку треба ниско да паднеш за да направиш една грешка по којзнае кој пат и да бараш рамо за плачење?
Треба да си глуп, идиот или напатена душа, која што ползи назад во минатото и успат плука по се што му нуди иднината?
Кога туѓиот успех ги демотивира останатите и ги тера да молчат како риби за помор? Создава мисла на вечна неуспешност и чуство на процеп во самодовербата?
Дали успешноста на другите ги тера да се вратат во спомените од минатото во која живее непреболената љубов, не постои сегашниот газда или пак го нема стравот од промени?
Знаеш... Се осеќам како "волшебната формула", односно прст кој што покажува некаков пат. Сеуште не можам да утврдам дали е добар или лош.
Единствената разлика е што мојот води кон иднината.