Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
S

smexy

Гостин
Драга
Како се викаше онаа песнана од Мејден шо идеше нешо као Our brave new world...Our brave new world...a brave new world...a brave new world...our brave new world...a brave new world...
Ич не ми текиња на насловот на песната....
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Драга

После којзнае колку месеци си дојдов дома од излегување во 1. И знаеш што е најглупаво? Што повеќе не ми се ни излегува. Подобро ќе си седнам со тие неколкумина некаде дома. Луѓево се ТИЊА. Седиш во парк и доаѓа цајкан и си стои до нас пет минути и на крај ни вели „Дечки, јас си заминав“ ко мислиш некој го викна да седи со нас. Да не требаше и Чао да му кажеме? Ми почнаа кремчишта да ми го земаат местото на паркот. Ова е разочарувачко. Идат на парк, ај тоа не ми пречи, се пијанчат и на крај ќе ги расфрлаат тоа шишињата и чашите. Мајке му, толку култура да се немало. И на крај ќе дојде цајкан и ќе ти сере за чистота, а син му претходно го направил ѓубрето. Веќе не знам која им е поентата.
Остај тоа. Седам дома и треба да учам, а не можам. Мислите ми се на сосема трето место. Некаде каде не би требало да ми бидат. Три дена и веќе ми недостига...а мислев дека треба да се раздвоиме на подолго. Ја читам книгава нејзина и не сфаќам една работа. Направила лик според мене, но зошто? Затоа што нема да бидеме повеќе заедно никогаш, ама сака да има нешто што секогаш ќе ја потсеќа на мене или сака да ми каже колку ме почитува и сака да бидеме заедно...сега сум огроооомен прашалник. Има време, ќе покаже времето.
Почнав нешто ново и искрено се мислам дали воопшто да продолжам да го доработам или да го оставам. Премногу е тешко. Им свирев дел од тоа на пријателите во парк и после тоа изгледаа како зомби. Премногу е тешко и не знам дали воопшто некој би го сфатил делото, а и патем би било премногу долго, а не сакам да кратам. Само се прашувам што ли ми беше инспирацијата за да го направам тоа...дали беше носталгија, дали беше таа, дали беше мојата „Елиза“ или едноставно самиот си бев инспирација за ова? Не знам, навистина. А и искрено, не ми е гајле. Само сакам да свирам...и сакам да сум до неа...среќен сум кога сум во нејзина близина. Некако чудно ме исполнува и ме прави среќен. И таа сака музика и сака да слуша многу музика. Преслуша се` што и` дадов. Не спиела со вечери за да преслуша се`. И среќен сум поради тоа. Ме потсеќа на мене. Но зошто не и` се допаѓаше мојата соната? Или можеби само сакаше да види како ќе изреагирам...хмм..во секој случај барем не е досадна и предвидлива како повеќето. Ме остава да мислам, а тоа е добро. Ретко некој успева во тоа, а таа...секогаш и` успева.
Патем, ти кажав дека ја запознав онаа што се крие зад Сатори? Импресиониран сум. Среќен сум што постојат такви личности. Личности со кои можеш искрено да разговараш на секоја тема и знаеш дека кога ќе те погледнат во очи перфектно те разбираат. Одвај чекам да помуабетиме повторно. Ајде, ќе биде. Само да останеме живи.
Доста е за утрово.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Сум се отворил од спиење. Од вчера кога заврши баскетот до сега. Мислам дека надокнадив за сите недоспиени ноќи претходната недела. <3:icon_lol:
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Драга Кајгана,

не е убаво многу да им веруваш на луѓето, кога - тогаш некој ќе те потсети на ова правило!
 
С

Спенсер

Гостин
ДиКеј... ма и ти да идеш у пм/

:tapp: глупак... кретенннн :mad: Како можеше тоа да се деси?
али нема назад сега :( тотално несвесно уништив нешто што ми значеше... :tapp: :tapp::tapp:
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Па драга,
одам сеа на школо и вечер кога дојдам ќе се дружиме.
А за останатите: како е правилно -> ?! или !? .. :confused:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.494
Поени од реакции
8.008
Драга Кајгана,

Немој да играш саат и пол фудбал доколку претходно не си се бавел со спорт. Денес ме боли цело тело. Едвај стигнав на работа. Пиев аспирин за да можам да отидам до аптека па да купам упсарин и испив 2 упсарина за да се нормализирам малку од малку.

Одам да спијам.
 
С

Сатори

Гостин
Драга Кајгана,
не ти се смачува од one line коментари кои не кажуваат ништо ново а во исто време се изблик на wanna be (...)?
Е мене ми се смачува.
Ти знам дека си толерантна. :coffee:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д.
цел ден го преспав......и шо сеа????
 

vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Најдрага моја кајгана,
Ова е прв пат кога ти пишувам и покрај тоа што не се чуствувам најдобро се надевам ќе ми простиш. Денеска после толку време пуштив солзи, иако веќе поради ситуацијата во која се наоѓам веќе немам вода во очите па и чудно ми беше како после толку време успеав и да заронам по некоја солза на образот мој.

Веќе извесен период се чуствувам многу тешко како се повеќе и повеќе да тонам, како наместо покрај толкав период на лошо расположение не се менува ништо освен што се повеќе и повеќе се разочарувам. Се правам силна пред сите ама само мојата душа знае како се чуствува. И покрај тоа што се смеам секој ден само јас знам како ми е во душата. Не знам што е работата колку повеќе се обидувам да успеам толку повеќе чуствувам дека пропаѓам и како цело време стојам во место и ништо не се променува.

Не знам зошто е така и покрај се верувам дека ќе дојде ден кога се ќе се смени и мојот живот ќе тргне напред и нема веќе да се заврти на болното миното што пече и боли. Не можам да верувам зошто не се променува ништо, тие денови ги чекам да дојдат што е можно побрзо за да ме огрее сонцето и мене. Извесен период чуствувам некоја возбуда во душата како да наскоро ми се случи нешто не знам што ама се надевам што и да биде ќе биде само на подобро. Што и да ми се случи и сето тоа што го проживеав знам дека не е без причина и дека тоа што треба да ми се случи ќе се случи ама ништо не е без причина. Чекам и чекам и чекам да ја најдам смислата на мојот живот се надевам ќе имам живот полн со изненадувања и случки а дотогаш ми останува само да чекам. Се што проживеав ме направи посилна да можам полесно да решавам проблеми и полесно да поминувам низ тешки ситуации.

Се надевам ќе бидеш добра како што си драга и ќе ми ја пратиш среќата да ми го просветли патот кон подобра иднина. :)
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Никогаш не сум ти пишувал кога сум сериозен. Ќе направам исклучок.
Денес сфатив дека е многу заебано кога нема на кој да му се обратиш кога ти е потребна помош. А уште повеќе заебано е кога на некој твој близок му треба помош а ти знаеш дека не можеш да му помогнеш, па бараш некој друг, а нема. Појма неам дали ова што ти го пишувам ќе има смисла. Важно ти пишувам се што ми лежи на срце се така како што е, без да читам од почеток дали некаде сум зезнал.
Знаеш Кајги, никогаш досега не сум бил препуштен да се грижам сам за себе толку време. И се е во ред. Се снајдувам. Ама денес сфатив како им е на родителите кои немаат пари за лекови или кров над глава кога нивното дете плаче од болка. Си мислам, абе кој срање живот го имам јас, а кога го споредам со некој друг, стварно е прекрасен. Прекрасен само кога го споредувам со животот на човек што нема ништо.
Некогаш се случува да паднам во депресија и едноставно да не сакам да ги гледам лугето во очи. Има моменти кога не можам да ги смислам некои луѓе пред мене . Никогаш не сум сакал да бидам човек кој е главен во друштво или пак да имам големо влијание во размислувањата на некој друг. Но кога тоа се случи, се обвинувам сам себе си. Некогаш па и тоа го правам несакајќи, а има големи последици, и потоа ме гледаат мене како главен виновник за тоа.
Знаеш, луѓето ме гледаат како некој поразличен од нив (на лош начин), само затоа што имам различно мислење или пак се одвојувам со карактерот од другите. Мислат си терам некој филм во главата, дека сум подобар од нив. Е не сум подобар. Они се полоши затоа што така мислат за мене. Не сакам ништо да им кажувам, се надевам дека ќе го сменат мислењето.
Друго Кајги, знаеш дека тинејџерите не знаат што е љубов? Имам многу примери каде што се во врска само за да бидат во врска. Пример јас не можам да бидам таков тип. Имам премногу искрена љубов во мене за неа, ама она нема за мене. И сега што да правиме? Ништо. Добро де, можеби ќе се трудам да направам нешто иако џабе е. Ама не ти расправам за тоа оти ќе се накурчам.
Чудно ми е како расположението можам да го сменам за момент. Последнава реченица малце ме доболе ама еве. Сега и да ја бришам и да не ја бришам, таа мисла ќе ми оди во главата. Посакував животот да имаше Undo. Би го искористил толку многу пати, што ќе сватам дека тмногу радост и среќни моменти сум заебал токму јас. Толку многу шанси кои ако би ги искористил немаше да ти го пишувам ова.
Се плашам од иднината, не можам да се замислам во неа со работите што сакам да ги имам.

Ова можеби ќе беше многу добар пост, ама фактот дека ме мрзи да пишувам го уништи.
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Епа Драга ...

прочитај го постот на Bushido ќе сфатиш како се чувствувам во моментов ... имав разговор долг денеска, со човек кој има тежок живот, разговор во кој сфатив дека ова јас што го имам нема ни Т од тешко. И да, скоро се што кажа Bushido беше спомнато денеска. Страшно е ова време, кога секој со секого е од корист, кога сите те оставаат кога ти е тешко, кога секој гледа во дворот на комшијата и озборува, кога сите мислат дека се знаат. И ќе станува уште пострашно и оние злите ќе опстојат, а добрите ќе изумрат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom