Колешкиве ставиле слики од мртвата-за-физиологија жаба на фејсбук... Идиотизам. Едно е да не се гадиш општо земено од гадни ствари, а друго е да не се гадиш од убиство. Па уште да му се приближуваш на неколку сантима и да го сликаш, па лајкуваш...
Него пробуев да ги соберам денес за кафе па пиволенд, само за Ареа. Кај нив е толку слабо изразено индивидуалното, што типка од еден крај на скопје не знае дали/кога да дое на кафето, односно тоа и` зависи од другарка и`(друга колешка) што живее на другиот крај на скопје. Не би се замарала да не очекував дека типкава е покул од тоа, плус знам дека сака да се види со нас.
Друга ќе каснела, што значи со каснење сепак може да пристигне на кафето прво, а потоа на пиволендот, но не, ќе идела директ на пиволендот со друштво, иако ние ќе бидеме у тоа време уште на кафе, а кафето е блиску до пиволендот. Појма нема каде и како се одвива настанов, но битно ќе иде со друштво со кое може секој следен ден да се гледа, за разлика од ваквите собири што се одвиваат еднаш у неколку месеци. Индивидуалност, пак слабо.
Други две што живеат блиску една до друга решиле да дојдат покасно на кафето, што значи кафе на екс па пиволенд. Тие се фини како личности, а за каснењето не ги обвинувам зошто живеат у недојдија.
Не ми беше идејата да ги соберам баш денес, да не изјавеа дека ќе идат на пиволенд и можат денес.
Тоа што не знаат да одлучат самостојно што сакаат и кога, што ретко излегуваат и се држат до своето фиксно друштво, не го сфаќам. Малце послободен живот, малце барање повеќе од животот? Со вакви размислувања, што прават цело лето? И пак ќе бидеме заедно по цели денови, ќе фрчат срциња на фб и позајмувања домашни, ама тоа не е другарство кога немаш кога да сврзеш нормален муабет за нешто надвор од факс.
Ја на пример се дружам со најразноразни луѓе, не ми е проблем да викнам за излагање некој што "не е од мое друштво". Или да ги запознавам луѓето меѓусебно, значи да ги спојувам различните другарчиња у едно искачање. Или да идам да се видам со едни па со други у иста вечер, ако и двете друштва имаат фиксни локации. Има луѓе кои ми се приоритет над други луѓе и кои ги сакам и почитувам, но тоа не значи дека не би ги одбила нив за да искочам со колешки или други што одамна не сум ги видела, знаејќи дека со овие првиве искачам секојдневно и веќе добро се знаеме, се разбираме ако ги одбијам ја нив или они мене.
Сеа ми е полесно и знам дека нема да се истурам на нив.