Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
еитуст8

не...овој пост не ќе биде нималку смешен колку претходниот
вечер не искачам....трошам време на конквер..
утре сакам да искочам...сеа...а утре незнам дали ке сакам да искочам..
пола саат се мачев со едно воланче ебате...ти ибам воланчето...и испадна дека сум требал од позади да го уклучам
на мајка му...
ај идам да играм конквер...

salute
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Кајгано

1 2 3 4 1
Ајде,ајде и Нова Година треба да ми е ко роденденон. Будали се?
Можда не си АМЕТНА,ама си Паметна.
Ќе плачам од муабетов еј.
На баба Драгица и паднало многу жал ко видел онај како ја истепал Шехерезад и се напила лексилиум да се смири.
Требаше да се јавам да видам шо прај, денеска го испукаја на Онур.
Овој позади мене се мисли Роки Балбоа.
Мама се расплачи на "све за љубав", тато коментира за онај шо го искасапиле,а јас се замарам со тотално небитни информации,кои се толку небитни шо не се толку битни.
Е т-а-к-а.:back:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Кајганоооо
3 викенд по ред не искачам :):):)))
најачи сум :pos:
ич не е досадно,нееее,зашо :wink:
иначе каде за нова година маааа ?
е и ја незнам:pos:
супер,ќе се дружиме:vozbud:
ајт иам да соберам она пивана од фрижидер и и и и ,да работам ебаго:vozbud:
:wub:
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Драга ...

ај да ти се исповедам. Денес бев на факс два саата и досадно беше па си дојдов, после бев на кафенце, па пак си бев на факс, па во кино со Тони. Добар филмон. Малце нереално ама филм е. Се на се убав денов иако сеа сум ко утепана, подочњаци до колена и ммногу ми се спие. Ете така. Позз4е

:smir::smir::smir:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Здраво живо.

Се задлабочив последниов период во филозофиите и феноменалниот превод на една книга од Далај Лама. Типот е Бог, будимзот е божествен, токму затоа што во неговата филозофија се отфрла принципот на Господ. Плус, кога ќе го замислиш со рачињата споени, и насмевката, и работите кои толку длабоко замислено ги кажува, а сепак оние нешта околу физиката не ги разбира доволно, но се труди, ти иде да го гушнеш и да му кажеш колку го сакаш само затоа што постои на иста планета со тебе.

Но, откако ќе сфатам како тоа животот може да биде прекрасен и искочам на нашите скопски улици ми се превртува некако во цревата, ми се претвора во рингишпил поред цигански пазар. Македонската економија е баш економична. Нема народецот многу, па молчи што нема да си купи нов пар чорапи ама вришти на сите страни дека нема. Сите се за тоа криви, па дури и јас со мојот велосипед. Да, мини купер, iLike... не се чуди ако следната прилика соберам да те поминам.

Кога сме кај поминување, во животот ми влета едно суштество... па како да го опишам?! Можеби најдобро би било слика да ви оставам, и да да ви пишам телефонче, и мсн адреса и да се збогувам од душевниот мир.
Ви велам луѓе, ако имате девојка или дечко, сеедно, гледајте да се дудуци за интернет. Нема девојка која нема да ја соборам на земја со мсн муабети, а такви како мене ги има колку сакате. А луѓето се подложни на влијанија, мислат дека све што лета се јаде, мислат дека една реченица вреди злато, и дека тоа што го пишувам со прсти го мислам и во живо. Јок бато, додека не видиш дали кожата ви се лепи или лизга, ништо не си добил како реална емоција. Ама ај одолеј му на мсн часкањето и симињањето ѕвезди де...

На едно место во светот, некој деновиве беше среќен во несреќен ден. Замислете си, навидум скоцкан човек, совршено вирее, но одвнатре тлее. Има ли некој одговор, што да се прави кога работите веќе не нудат излез, кога доаѓаме до точка каде опции нема а онаа која ја имаме во моментот не прави никаква смисла. Ко на “Ла Линеа“ да му се вметне Џери на цртата, супер кул е, ама што ќе му е кога тие две работи се невозможни. Ете, и ќељавиот непалец го читам, и го прашувам телепатски но и тој нема детален одговор, вели “Мм, момче младо, едноставно остави животниот пат да те одведе до вистината, слушај го твоето срце кое е непогрешливо и кругот ќе те одведе до целта“. Пфффф, вакви филозофии и јас знам, ама ако некој не дојде нешто конструктивно да направи по прашањево, ќе одам со рударине штрајк со глад да прогласам. Ќе си седнам пред собрание у Жена Парк (пошто пред влада нема каде, треба на улица да седам) и ќе си логорувам ко раотницине две години шо беа. Центарско дете преку ноќ, оп. Откајзнаеш, може премиерот нешто мудро ќе смисли.
Сериозно, што да правиме кога state of mind ситуацијата се претвора во реалност која мора да ја живееме а излез од тоа нема?! Пријателе, мислам... секој ден, мора да има нешто, заеби го Далај Лама, ја ќе смислам нешто, Дедо Мраз сум или крастаица.

Пред две недели, се надградив. Чудно, ама овој збор многу потсетува на нагрдив. Можеби навистина е така, но смислата на мојата надградба би требало да претставува опис на она кое што сум јас, а е напишано јасно. Деловите кои не се јасни, исто така постојат. The add on says: Виктор е колкција на многу сфаќања и идеи, но онаа која особено го опишува е неговата неодлучност и променливост во ставовите. Тој наликува на два ангели, црн и бел кои постојано се борат за превласт на неговите две рамена. Емотивно е нестабилен, но сепак таа постојана промена од крајот на едниот до крајот на другиот тас создава слика на класична вага која балансира, со што е доказ дека е дел од светот кој функционира на идентичен принцип. Кога сме кај светот, неговиот поглед на светот и една од речениците кои се мото во неговиот живот, и даваат единствена трошка надеж дека некогаш сметките ќе идат израмнети а сите оние кои наутро ја облекуваат својата прекрасна насмевка еден ден ќе се вратат дома и ќе добијат идентична таква за возврат. Светот почива на едноставно правило дека се` она кое било натопено од дождот и се тресе од студ, ќе го дочека сонцето да го исуши и згрее. Секако, тоа не е единственото правило кое постои, но е важно колку и последниот бод на Вардар против Ренова, а сите знаеме колку е тој важен. :)
На крајот, Виктор сака мачки. Низ нив се гледа себе си како нешто кон кое тежнее целиот свој живот а не успева да биде. Им се всохитува. Да не дрвам со третово лице. Мачка е индивидуалец, сам против глутница кучиња и успева да се одбрани. Проклето грациозна кога мрзливо менува место на спиење... и спиење... и спиење... Никогаш не се врзува за човек, но се врзува за дом, а јас од друга страна, го гледам својот дом, само онаму каде можам да најдам мир. Бидејќи во моментов немам никаде мир, најверојатно ќе се преселам под камени мост, и онака ми ги знае сите маки, и ќе земам едно малечко маченце да спие со мене и со ноктите да го прави она мачешко движење додека преде, да ја зграпчува мојата облека и да ја пушта. А кога ќе се разбуди, и му се јаде, да ми го излиже лицето и да ми ја гриза косата, па демонстративно да седне и да одмори токму на моето лице правејќи се дека ништо не разбира. Ѓубре малечко, све разбира тоа...

Кире ми рече вчера дека нема девојка на која не сум и се стаил. Погрешно е тоа размислување драг пријателе. Точно е дека на секоја девојка и давам шанса да покаже дали вреди човек да се заинтерсира, но далеку од тоа дека секоја девојка ќе добие еднакво внимание. Сепак, не ми се допаѓа она балканското, битно е да има дупка и да запишеш плус. Јок сине, битно е сложувалката да биде идеална, ама како ќе знам ако никогаш не го пробам тоа делче таму?! Сакам да запознавам луѓе, многу луѓе, од секого има што да се научи, но тоа не значи дека секоја девојка сакам да ја искористам и фрлам. Всушност оние кои заслужуваат таков однос најчесто и не добиваат втора порака, се познава од прва дали сака некоја да глумета девојка од спот на слаткар или е културна фина девојка која ќе те поебе после три четири месеца гледање. Затоа ја сеа планирам на Аут Бој да му пишам, бар ако ми се деси нешто можам да речам “Еј шо педер искочи“.

За крај, да ви кажам нешто. Пред некое време, налетав на меилови од 2004 година. Кате, толку зборуваната, се појави веќе следниот ден откако и ги читав писмата. Се стаписав. Но, од некогашната Кате останала само слатката насмевка, а таа... уморна, кротка, повлечена, со брчки и трема. Колку лесно се рушат сонови после години и години. Смешно во целата ситуација е што... емоциите не гинат, и покрај сфаќањето дека сме мислеле на личност која престанала да постои, тие си егзистираат некако од навика. Дури и кога се разделивме, констатирав дека линијата што туку беше повлечена, но се свртев за последно збогум. Срце. Кој би рекол дека сите добиваат брчки а? Дури по само една година тоооолку многу работи се менуваат, а камо ли пет. Времето лечи се`, точно е. Можеби има сурови методи, но мене тоа многу не ме засега, јас и онака се движам наназад со ликот, или девојките играат на иста карта, излажи го дека изгледа младо, ќе те сака повеќе. Не бе срциња, само насмевка е доволна... а да, и по некое налудничаво дело. :back:
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Драга ,

-Депресивен текст.

Пријатно.

Не , сериозно.

Немам пријател , ниеден . Сваќаш колку е тешко тоа да го дознаеш ?
Петок вечер , сите се надвор , хевинг д тајм оф дејр лајфс а ја седам дома и учам некој леви акорди за гитара, јадам банана и топлам нозе во пуфкасти папучи.

Ми треба некој кој ќе ме сослуша , човек кој може да преживее едно кафе со мене , човек кој ќе може да ме сослуша и кој ќе можам да го сослушам.

Премногу барам.

Е сега тек треба отчет.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.047
Поени од реакции
74.555
Ој кајгано :):)
Супер ден најдрага моја:wink: Малку факс, малку заебанции и мноооогу љубов:vozbud:
Денес го добив досега најубавиот подарок во животот по повод еден месец "брачен" живот:wub::wub: :back: Како и текнало да ми подари такво нешто:toe:
Ја сакаммммммммммммммм:wub::wub: А ја вол ништо не и дадов, али што да правам кога она неможеше да издржи и ми го даде подарокот три дена пред точниот датум :smir: И сега што и да и дадам покрај таков подарок е излишно :(:(
Ќе и го подарам срцето:wink: Само тоа ми преостана:pos2::pos2:
И тооооо кајги. Сеуште сум весел, сеуште владеам и се ми е под конец. Нека пукнат душманите:baeh::baeh:
Чаос кајги:back:
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
^ Kајги баш ми е мило што стечаецов е радосен ваљда се радува зошто конечно излегол од стечај:pipi:
Ја кајги би бил уште порадосен доколку утре би станал онака околу 11:00 наспан :) да излезам надвор и да видам дека малку грее сонце или немора да грее битно е само да не врне:toe: ми стои раната на ногава ама морам да играм бе морам дали конечно ќе тепаме или пак ќе го кркаме и ние сме кајги како ВАРДАР бе :toe: порано бевНе Ногу јаки ама сеа тапа сме :( и кајги би бил доста радосен утре и кога би ги победиле со голема разлика :vozbud: и би бил нај радосен доколку утре би ми се случил финансиски бум:vozbud: редно е да влезе нешто Спорт Лајф чекај ме!
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Еј Драга..

Деновиве ми поминуваат побргу од колку што сакам..
Станувам свесна за се што се случувало последнава година и се прашувам кога точно почнав да ја градам личноста што сега излегува на површина...
Верувам дека сами си ја градиме својата судбина, тогаш како успеав да го изградам сето ова?
Која изворна мисла беше камен темелник на се ова што се случува..
Последнава недела успеав да направам проекција на вина!
Интересен е човековиот ум, му треба време да се соочи со реалноста.
Пред да се соочи, поминува низ низа точно определени мисли и начини на однесување.
Според чичко ти Маслов, сум заглавена на втората скала со желба да поминам на третата.
Се сомневам дека ќе успеам во тоа, така што не размислувам да одам понатака..
Вчера немав попаметна работа освен да чекам 4 часа да ми почне предавањето.
Чудно е како една личност може да ти го смени текот на мислите со еден поглед. Истата личност можеш да ја анализираш со часови под услов истиот поглед да не шара накај тебе.
Брчките што ќе и се направат околу очите додека искрено се смее, може да ти го променат денот.
Ми фалат искрени насмевки.
Прееска пуштив Хаус да си ги избркам мислите, она што го правам последниов период.
Успешно.
Сега мислите ми се претвараат во соништа.
Загриженост, нешто што дефинитивно ми го поматува умот. Тоа е енергијата што ќе ја пренасочам во креативноста што ја изгубив трудејќи се да се пронајдам, а ако успеам да го надминам и немирот што го чувствувам, ќе бидам среќна.
Знаеш што друго ми фали освен искрените насмевки?
Искрени луѓе. Тоа беа оние малкумина што те сакаат толку многу што ќе ти ја кажат вистината по секоја цена, а ако вистината е болна, ќе ти дадат апче против болки, ќе те гушнат и ќе те покријат со ќебе кога ќе заспиеш во солзи.
Ах, да. И храбри луѓе. Во денешно време, тоа се оние луѓе што имаат guts да се соочат со тебе и да ти објаснат се, притоа да те поштедат од маката и залудните обиди да читаш мисли.
Среќа што имам 8-ball, ми заштедува време.
И да, треба да престанам да се издувувам на погрешни луѓе.
И онака ништо не решавам, ама кога наеднаш сите ти се мешаат во животот и ти поставуваат граници на добро и лошо, секако дека ќе имаш желба да треснеш некого од земја.
Ако сега светот се променил, ако смета дека е лошо да застанеш цврсто позади она во што веруваш, ако е лошо да го следиш срцето, тогаш некој нека ме извести за да знам од каде чувствово.
Блокадава што ја поставив ми годи.
Чувството на празнина што го мразев, сега некако има смисла.
I figured дека колку порано го допреш дното, толку повеќе време имаш за да да се издигнеш, барем ако си доволно силен. Без емоции е поефективно.
Можеби е време да почнам сериозно да размислувам да ја пополнам апликацијата за пракса во странство.
Другата опција е да одам на терапијата за која кенкам последниве 2 недели.
Фарбањето и менувањето на распоредот на собата не ми ги даваат ефектите од порано.
А сонот од синоќа, кој за миг помислив дека е вистина, сакам да се оствари. Немам право да барам од него ништо, особено не тоа, така што ќе биде уште една од посакуваните работи што ќе мора да ги тргнам од списокот.
И за крај, да те известам дека никогаш не можеш да имаш се, не се труди зашто прилично секогаш е залудно.
Од денес ќе се радувам на малкуте искрени насмевки, со брчки од страната, што останаа.


:wink:

 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Privet

Овој пат ке бидам сериозен...

Смотана недела, многу досадна воедно. Едвај чекам да заврши. Школоно веќе на нерви ми е, неможам да го поднесам. Одам во школо само за да заврши и да се вратам дома. Ништо не учам, ништо не следам, барем халф лајф играм...или бар се тешам така. Математика не напраив поправен, а реков ке си ја поправам 3ката демек. Математика изборна го заебав поправниот, остана 2ка кутрата. Физика првиот тест - кец...Вториот тест избегавме...Одлично...Екстравагандно...Фрапантно... Македонски врска неам шо ке добијам на писмената...Таа па ке треба да ја чекам со години да ги прегледа. А па ме праќа по тестови, па у канцеларија, па до кабинет, па да и принтам нешто...уф каква е, милфица...ТК ке ме праша у понеделник...последниот пат кога испрашуваше уше 1 чоек па ја бев на ред...сто посто следниот час ке ме дигне да одговарам. А кај неа треба и проектна да праам..ај ќе биде...ле проектна...и по електро треба...и по пракса семинарска...електро треба да најдам за двб-т двб-ц презентација да направам...оф леле...

Освен школо се друго досадно...ај барем школово може нема смисла ама пак, се дешава нешто...се праи муабет, се спамира со ѕоне, се глупира со спиро, се замара со ангел, се тресе глупости со даниел, се гушка со аника, се закачка со нермина, се игнорира дода, се смее на џуле, се гази божо у хл, се флертува на празно со аника и нермина, се јаде хамбургер, се чека у ред, се тепа време, се мие раце со течен сапун, се бега од часови... Глеаш? многу има...а кога би требало да го објанувам дома денот бил: се станува, се тепа со брат ми, се јаде, се седнува на компјутер...се седи на компјутер....се седи на копмјутер.........уште се седи на компјутер, се станува да видам дали е на тато колата на паркинг...па се седнува на компјутер...Си ја инсталирав веб камерата...напраив една фотка и изгледа океј, освен шо е многу тапа резолуцијата па ја намалив и малце исфотошопирав (читај:средив) и сеа изгледа океј. Си го сакам адобе...сwценце е....Мснво е веќе напор, елена неможам да ја наквасам многу пишува, кејти нешо и текнало се со екстра согласки пишува...ѕоне го нема немет нет, даниел најверојатно се крие апп офф, даниела ќе се избаци со нешто, сања па уПорно ми се пушта - не капира дека е џабе пошо до свети николе убиј ме па не идам, најтвокер нонстоп нешо за цси збори, никола треска глупости некои со заљубени топици, стефан од одд си ќути мудро пошо знае дека ако отвори уста ке јаде ќутек, филип у велес, дритон има фенси топици, гладиус - по потреба муабет, аника со мартин чатува...добро е шо тоа праат барем, кога ни за раце не се држат...милена е заљубена, гадхејтасол е високо, ева програмира нешто, бидик пие кока, блајнд ја трескат главана цел живот, ацид е на мобилен цел живот, фициани само за локерз збори, и рони одлс скул напиња со растафаријансконо...

Ај доста е...си се искажав битно.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Драга
Се откачиле сите со долги постови. :)
Ама ако.
Ја добра. На Жлуст се опоравив и после во Соул се лизгав со каубојките меѓу маси.
Сега дома пијам сок од цвекло и ништо не ми е јасно.
Добра ноќ.
Медеа
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Плава моја...
Најнајнајнајпрекрасна вечер. Smile=) може комотно да потврди.
Екстра хитчиња, добар алкохол, најсаканите околу мене и журка... Прекрасна петочна вечер. Бегам да спијам сеа, да не ме фати несоницата пак.

Гладиус, over & out!
 
Член од
22 септември 2009
Мислења
199
Поени од реакции
26
Драга,
глупо утро, поглуп ден, најглупа вечер

over and out!
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Еј!
Си забележала во последно време колку луѓево се превртливи? Дволични? Себични? Без душа во себе и свое ЈАС, без оформена личност, со еден збор ПРОСТИ ?
Мислам...хело.О", јес да имам фаца на простак ама не значит то дека сум.
Сенешто.:seubiv:
Ај дедо Боже, те молам, дај им памет на ваквиве личности, пошо ем ме фаќат запалење ем убо велит Фантом, све си имат свој крај, само виршлата и колбасон имет два краја.
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Драга Кајгана,

какви почетници, гледаш ли? страшно, хорибл. суисајдл и мотивејшнал.
поздрав, хохо.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom