Ех.
Се полнам. Утре Жлустовци, пиво и троа женскарошка прошетка. Може и некој полузаводлив поглед да џитнам на Дали, барем еднаш.
Денес двапати љубов, еднаш Рајски колач со чоколаден прелив. Па испотена ко првооделенец на физичко, од аеробик дома.
Обожавам кога имам списанија еден куп што одмараат очи. Тривијални содржини, реалност што е Отаде, како да ми го спасува мозокот посивен од размислување за куп нешта.
Имам потреба да врескам. Онака, осаменички. Во некоја пренатална смисла. Бебето кога се проѕева во матката, можеби вреска... Ете, така сакам и јас.
Таксират се ближи, еуфорија се нижи.
Мошне се саморазочарувам зошто дозволив да не се филмам повеќе.
Ја чекам Џулиет единствено. И малку Хладно пиво.
Џабе читам Маргини, кога содржината ме нервира и ме тера да се замислувам дека сум обичен примерок што мисли дека е неконформист. А уствари... Се плаши од конфликти, овдешни. Оти не се конструктивни, туку пикаат во ќош... Што знам јас па.
Дрдорам во четврток навечер.
Спиев и сега сум како крокодил.
Друго...
Што ако ова заврши во мојата глава и умрам онака, индиферентно и инфериорно?
Никому ништо
Ни прва ни последна.
Тоа е цинизмот со кој моето идиотско дупло его пробува да се справи...
Пријатно Кеј.