Ееееј да ти еем напушениот муабет
Се вратив во времињата..
Во времињата коа бев малецок! На, толкав!
Коа игравме quake 2 на сони у Милка! Лелеј, медови! Со големите коа играв коа ме тепаа цело време дур не се научам!
Даа! Металците ко ме носеа по кладилници! Ко ме носеа со нив на пушенки!
Леј! На соулфлај ко ме носеа!
Времиња пеер! Уше тоаш го викав, пеер! Пеер. Од шиљо го прифатив тоа
Ех, џанкер стар.
Ама лабав е сеа, се среди. Не е више ципа.
Ех
Ко крадевме кајсии од кај Марио у двор! Никад не не дозна XD Сеа да ме дознае ќе ме убие! XD
Коа игравме жмурка на топка! Коа игравме граница маало на маало! Грррррр!
Боже колку сум бил луд тоаш XD Цел ден на нозе!
Во 7 стануеш, школо, ладење у целодневна до 3, си слушаш музика, јадеш! Јадеш у школо бе брат XD
Нешо такво ќофте пире а у! Некад муфларско нешо па пребираш се мрштиш! ((
Времињаа! Па фудбал 2 саати, па дома!
Дома само се појавуеш, ручаш и те нема пред маало до 12-1 навечер XD
Боже! Памтам стапче ко си носев да можам да ја стиснам тројката у лифт! кекеке XD Копиљ!
Ко искачав со дваефче у маало! Бабау! Се мислиш дал сладолед и чипс, дал сончоглед и милка, комбинации, варијации, пермутации! ((
Коа како! Отепуење надвор, ни вечера ни бутур!
Ех. Времиња, безгрижни времиња. Чиста мисла, мирен сон. Љубов. Искрена. Детска.
Курење со џамлии. Качување по дрва, кошеви! Праење бункери!
Леј! Праење грутки од земја шо ги остававме да се сушат и се гаѓавме! О_О
Каакви цигани сме биле ((
Ептен се вратив назад денес со мислите. Ми фали тој филм.
Изгледа како растеш во маало, се движиш по тие непишани хиерархии, по тие касти..
Кој каде стигнал...
Леле, времиња.
Тоа ќе го сонувам вечерва.
Сонувај луцидно.