Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Брееееј, не памтам да ми било волку досадно. Ај што ми досадно, па ме мрзи било што да правам за да ми стане бар малце интересно и да направи времето да минува побрзо. Бар да ми се спиеше де. Никакво пмсовско расположение -.-
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Драга,
Стануваш се повеќе и повеќе досадна, знаеш?
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ах не сакам да помине утре. Не ми завршува овој период...Ќе биде се истото за кратко време но сакам да потрае уште овој период...

Нешто читав на интернет, интелигенција се мерело според употреба на одпределена група на зборови кои се употребувале од т.н. интелигентни луѓе и колку поголем процент на такви зборови имаш во речникот - толку повеќе си интелигентен. Смешно а?
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Сè посигурен и посигурен во постапките иако знам дека се грешни. Битно, самодоверба фул....

Ми се погоди винцето, муабетот, музиката и рапсоложението вечерва. Времето муабет да не праам :)

најт најт
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Драга
Говорам вистина. Не колку можам, туку колку се осудувам. А како стареам, се осудувам се поише....
Вистината не е најсјајна, луѓето полека исчезнуваат од мојов живот. Не сакаат да ја чујат. Место тоа неверојатно е колку сакаат ласкање и дриблање. Гладот по постојано полнење на егото со излишни коментари ме фасцинира колку и како влијае на луѓето, ги прави зависни и лакомници.
Понекогаш ја менува ситуацијата од корен со навидум безначајни зборови по кои лакомоста е голема. Не сум исклучок ниту јас. Се однесувам исто толку лакомо по такви секојдневни ситници.

Во несекојдневните ситуации, се трудам да кажам најгласно што навистина мислам. Тоа го правам за луѓе кои ми значат. Истите тие кога ќе го чујат моето мислење го сфаќаат како навреда, повреда на нивното его, на нивната совршена слика за себе. Затоа и најчесто останувам со празни раце.

Веројатно кога би се однесувала искрено со секој што не ми значи, големи се шансите да добијам ќотек на улица, зашто мислам дека во комбинација црвено и розево не оди, нападниот брк на несреќниците од женскиот пол мора да се издепилира или дека мишките им смрдат. Дека ланчето на колешката е единственото нешто што е добро на неа, додека на комплиментов таа се топи и не го вади од врат. Дека комшиката има многу слатко кученце, ама прва прилика би го задавила зашто постојано лае и ми го ремети мирот. Зошто? Воздржувањето е многу битна ствар драга, но знае да биде и тешко, зашто инаку како ќе добијам скрипта, како ќе го погалам кученцето на скали или ќе бидам прифатена без шамари и навреди, ако кажам што навистина мислам?

Но исто така, се воздржувам и од сопствената помисла за мавање ќотек некому кој ми нагласувал безначајни детали, прилично лицемерно. Секогаш постои нешто зад тоа безначајно, наивњашко коментирање. Луѓето во принцип никогаш не пристапуваат нападно и директно. Тоа го прават само во ситуации, во кои не им е потребно ништо за возврат, а тоа речиси е никогаш. Кога им е навистина потребно нешто или некој, лицемерноста испливува на површина, како говното во вода.

Ако не си лицемерен, тогаш или се работи за напад со потенцирање на мааните кај личноста или пак за обид некому да му помогнеш да ги воочи своите маани. Во најголем број на случаеви, тоа е изгубено време бидејќи личноста и онака свесна е за своите маани и не ја боли она што го има меѓу нозе. Кога би била засегната, не би се навредила, ниту пак заминала.... или сепак би?

Од друга страна пак кога би ласкала на оние што ми значат и би била половично искрена, веројатно нема да ги боли вистината. Но мене навистина ми претставува тешкотија ласкањето на личност што ми значи. Сметам дека емоциите те прават ранлив, искрен и прилично директен што остава доволно простор за дриблање од другата страна.

Лицемерноста служи како оклоп за заштита, фино спопикување кога е потребно, но исто толку и средство за задоволување на потребата во даден момент. Не трае засекогаш... Нормално, како и се останато...
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Внатрешен револт имам драга,прво кон убиството , но и кон моите родители.

Детали не ми се откриваат.Чао пријатно, доста ти беше и толку.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
ДК,

Дупката ја разбирам. Начинот на исполнување го разбирам. Се бара време и логистика.

Да, после сè, сепак се работи за претприемништво. Така ми изгледа.

Грешам? Изненади ме, ако можеш!
 

SPAMS

Спејси нарко истражувач
Член од
25 април 2010
Мислења
78
Поени од реакции
5
Новата ера започнува , држете се цврсто полетуваме ! :cool:
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Драга

Денови ли се денови, матурски маки големи!

Чао.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Драга,
Сакам вакво капче

Од денес више не се секирам за фризура :D
Со љубов кон мојата поранешна коса и копнеж за мојата идна :D
Баш сум идиот, нели? Ако, сам себе го убијал, можам сама да си се реметам.
Ај пријатно.
Н.
 
К

Кики.

Гостин
Драга,
ми останаа уште помалку од 12 саати. Следен пат ќе ти пишам кога ќе стигнам од другата страна на „барата“ и се надевам дека се ке биде добро по пат :)
Поздрав Драга ;)
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Драгаа

Погледни

Ахх прекрасно.Секоја чест за идејата и за начинот на кој е реализирано сето тоа! :love:
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Драга,
знам, паничарам ептен у последно време и нормално дека ќе ми се одбие по глава!
И денес може едно 123456789пати ми се деси!!! Што ми стана, не бев ваква...
Многу работи треба да се сменат, ама битно е да сфатам дека е неопходно. После е многу полесно. Уствари ја сфатив, само малце ми треба време за адаптација.
Леееј што те замарам!!!

It's Friday, Friday
Gotta get down on Friday
Everybody's lookin' forward to the weekend, weekend!


Oh, I feel better now!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom