Scarlett O'hara
INFJ
- Член од
- 27 септември 2007
- Мислења
- 1.028
- Поени од реакции
- 440
Ако можеш да ја сочуваш главата кога ја губат сите,
А те обвинуваат тебе
Ако можеш да веруваш во себе кога сите во тебе се сомневаат,
Но да им дозволиш да се сомневаат
Ако можеш да чекаш, а да не се измориш од чекањето
Или да слушаш лаги, а во нив да не учествуваш
Или да те мразат, а да не дадеш повод за омраза
И пак да не изгледаш премногу убаво
Ниту да зборуваш премногу мудро
Ако можеш да сонуваш – а соништата да не загосподарат со тебе
Ако можеш да мислиш,
Но мислите да не ти станат цел
Ако си во состојба да се соочиш со Трумфот и Пропаста,
А кон нив да се однесуваш подеднаково
Ако можеш да ја поднесеш вистината која си ја рекол,
Вистината која лошите ја изопачили
За да ги измамат луѓето
Или да ги гледаш работите на кои си им го посветил животот - скршени
И се наведнеш да ги поправиш со истрошен алат
Ако си во состојба да ги собереш сите свои победи
И ги ризикуваш во еден круг на паричето
И изгубиш, и појдеш повторно од своите почетоци
А за загубата никогаш не си изустил ни збор
Ако си во состојба да ги присилиш
Срцето, нервите и мускулите
Да ти служат долго откако ќе ги нема
И да продолиш така
Кога во тебе сè исчезнало, освен волјата
Која едноставно им наредува: „Продолжете!“
Ако можеш да зборуваш со масата
А да ја задржиш честитоста
Или одиш со Кралевите, а не ја изгубиш обичноста
Ако сите на тебе можат да сметаат,
Но никој не премногу
Ако непростливата минута можеш да ја исполниш
Со долго бегство од шеесет секунди
Твоја е земјата и сè на неа
И УШТЕ ПОВЕЌЕ ЌЕ БИДЕШ ЧОВЕК!