Драга
Долго време си со еден човек, се навикнуваш на меѓусебната комуникација, уживаш во долгите разговори кои често траат до утринските часови, а од кои практично немаш никаква полза. На долги патеки, осеќаш како буквално ти се крши ногата дур ти трчаш до целта да се соголиш и да го понудиш вистинското лице, знаејќи дека пак ќе добиеш шамари кои ќе те вцрват и направат свесен за зависнота која ја создале тие наивни и бесцелни муабети.
Човек се учи.. Мене ме научија, а јас никого. Затоа што не се ни трудев, затоа што кога ќе навикнеш на некого, нема простор за изненадувања и неизвеснот. Како да се пронајде човек кој нема да се труди да ме научи, да свикне на моите навики, да ги поприми и еден ден да се разминеш затоа што истиот тој те "научил".
Дали постојат луѓе кои не се трудат да научат некого, кои не го полнат своето его кога научиле некого и сметаат дека тоа е крајот, тоа е нивниот триумф за нивните патешествија?
Дали е возможно да научиш човек кој е имун на промени, кој одново расте со секој ден?
Ќе те излажам ако ти кажам дека не пораснав. Тоа одново се изгуби во секојдневието, во стравот од промените, во стравот дека ќе посакам да научам и јас некого...