Драга Кајгана
Морам да го овековечам тоа, јас ќе ти пишувам чиста еротика
![Пипи :pipi: :pipi:](/styles/default/xenforo/emot/pipi.gif)
Тоа е тој момент, кога ги вадиш колачињата од рерна, и треба да го ставиш вториот дел од тестото, кај нас познато како пандишпан (доста грд збор, ја вади целата романтика од слатките, морам да признаам).
И така го ставаш тавчето пред себе, кога амброзијата би постоела сигурно би мирисала така, го мачкаш со мармалад, кој некако магично секогаш знае кога и колку точно треба да се стопи, и на крај, ова е врвот, ги покриваш со смеса која мириса на кафе и слатко. И сега не излегува веќе пареа, сепак цел свет мириса божествено, гледаш што си направил и претпоставуваш како ќе испадне целото на крај, и се чуствуваш како Бог.
Има потреба да кажувам дека тоа беа најубавите колачиња кои некогаш сум ги направила? А мене стварно ме бива во правење колачиња.
Гледаш, животот е убав:smir: