Драга Кајги,
Денес сум малку тапа! Требаше да одмарам, а наместо тоа јас слушав како ми плачат на телефон, оти синоќа направиле штета и загубиле нешто. Ич не ми беше гајле да ти кажам искрено. Туку, тоа и не е некој проблем за разлика од некои луѓе кои мислат дека можат да кажат се` и да направат се` без да имаат било какви последици за тоа. Навистина ми е мака некој да си билда его со мене. Многу сакам да и го срушам сонот на таа личност, оти веќе претера. Имам премногу работи да и кажам, но мислам дека не вреди да се мачам, се сомневам дека ќе се разбереме. Јас важно и кажав дека греши, а штом таа се решила дека тоа што го прави е исправно, тогаш нека си тера. Уморна сум од лаги и од кловнови. Сакам искреност, ако барем малку ти значам, не ме прави будала со глупостите кои ми ги изнакажа и за кои мислиш дека ти верувам. Јасно ми е, а ако не ми е јасно, ќе те прашам. Знаеш колку долго се познаваме, значи не мора да ми објаснуваш, само ќути. Порано некој да ми кажеше дека ќе го слушнам сето тоа од тебе немаше да му верувам. Не ти се смачи да бидеш толку бескомпромисна и толку сурова? Зарем после се` мене ли ќе ми објаснуваш каква си?! Те знам, подобро отколку што се знаеш самата. Многу добро знаеш како реагирам на вакви глупости. Ти кажав дека поминав премногу лош период оваа година и дека некои луѓе навистина треба да стојат малку на страна, а ти се правиш паметна. Мислиш дека можеш се`?! Почнав да менувам доста работи, оти очигледно сите кои ве пуштив во мојот живот си играте мајтап со моите чувства. Јасно ти кажав дека не можам да ги дозволам некои работи, ама ти неееее, требало да биде по твое. Епа јбг, сега седи и трескај глава што те снашло, мене ми е доста. Кој ме сака ќе го сакам, кој не... нека има прекрасен живот! Навистина немам ниту сила, ниту намера да објаснувам нешто. Не можам повеќе.
Дали ми е тешко? - Да!
Дали го заслужи моето внимание сите овие години? - Не!
Драга Кајги по не знам кој пат сум повредена. Уууууух колку многу сакам да бидам бар малку како некои луѓе. Сакам по некогаш да ги прегазам да не можат да се вратат во колосек, ама не можам. Навистина ми е тешко! Не ми требаше оваа, тамам почнав малку да се враќам во нормала.
Уште една непреспиена вечер.
Ш И Т!