Кајганскаја Винтовка Драгунова, разработаннаја в 2005 года группој конструкторов под руководством Ацида.
Си забележала како секогаш ти пишувам во емо mode или не? Не си. Код те боли. Повторно сум тука, на повремена доза хејт кон све со пулс, вклучувајќи го и лудото куче на лудата баба која го третира како новороденче. Него, да преминам на поентата на еден просечен драгакајгана коректен пост. А што друго и служи нејзе освен полујасно мрчење за тоа дека животот бил оваков или онаков. Ок, и неартикулирани восклици на ПМС, извештаи за забавниот ден, објава на планови, откажани планови и желби од непроценлива важност за националната безбедност и општонародното ментално здравје. Јас би сакал да скокнам мешање во државна безбедност (не било добро во политика да се мешаш, вика баба ми) и да пристапам кон полуедуцирано, не многу интелигентно, по нешто малку искусено и најмалку оптимистичко сумирање на овоземјето. Животот бил полн со изненадувања, викаат овие среќните. Не можам да не се согласам. Животот е РПГ игрица во која трчкаме наоколу низ пространиот свет во потрага по изненадувањата уредно спакувани во мали кофчеџиња по мерак на дизајнерот, секој пат во очекување на подобар и помоќен предмет. Spoon: +1 damage, -3 charisma. Како тренирани хрчаци ја притискаме рачката, секој пат со шанса некое симпатично кофчеџе да падне од таму горе. Постојано. До крај. Целиот тој труд за неколку секунди бесцелно светкање, додека истото не стане досадно. Ние сме машините на Војо, хрчаците на тркалото, Шехрезат во епизоди толкуцифрени што секој Кенко дигитрон ќе врисне од мака.
Сакам да ти раскажам многу кратка приказна за едно мало хрчаче. Тоа хрчаче беше како и сите други, со тркалце и рачка, затворено во симпатичен бел кафез. Но еден ден тоа случајно испадна од тркалото, токму кога кажа дека врти во тркало. Го најде својот рај, без тркала, без рачки, во кој несомнено уживаше, заборавајќи на својата хрчакност. Секако, како и во секој добар глуп филм, појавувањето на ѓаволчето хрчачко духче (или што и да се оние добри-лоши миниинкарнации на ликовите кои им стојат на рамо и им прават муабет во време на морални дилеми) беше неизбежно. Тој го потсети нашиот нехерој дека и покрај се што направи во својот рај, и за својот рај, тој е ништожен хрчак. „Не се ни обидувај да го негираш тоа“, рече џаолот, „ти сакаш рачка, сакаш следен кофчег, сакаш повеќе“. Кутрото хрчаче веќе беше заведено. Посака повеќе од рајот, престана да ја наводнува градината и наместо тоа почна да ги краде овошките. Алчно. Одеднаш, портите на рајот се затворија пред наведнатата глава на заведеното хрчаче. Неговиот единствен избор беше со презир да се врати на своето старо тркало. А старото тркало му предизвикува дијареа. Нема хепи енд. Нема порака. Der Hamster hat keine Lust.
Поздрав, Кајганскаја. Од адмиралот без флота.