Точно е 03:00..Време...Време е за фини нешта(имаше некоја таква реклама).
Туку нешто друго ми се мота деновиве,ќе идам порано до некоја кинеска продавница или до зелено,да ѕирнам да не почнале купаќи да носат пошто Скопје ќе има за прв пат летна сезона(замислувам како охриѓанец се смее онака злобно како во хорор филм и со потполно право) во која ќе биде вклучена плажа.Уз пат нормално ќе поминам до некоја аптека да си купам спреј за самоодбрана при налет на манијаци,можеби ќе понесам и некое ладно оружје ќе подразмислам.Не знам само дали ќе даваат шампон таму или ќе треба да си носиме од дома како што мора Тошо да си носи кога иде кај Цацко да се бања.Крпата ќе ја обесам на шмизлата да ми се суши,и срдечно ќе им мафнам на ромчињата кои ќе се фрлаат ласта во фонтаната на Аце,секако дека они мора да ја отворат сеозната и да ја испробаат за да знаеме дали ќе ја биде,ако нон стоп се таму значи има нешто у проектот.
Зошто моето романтичарско Скопје го претвораат во кичерај непотребно?Наполеон не живее овде за да му направиме триумфална капија,Вардар не е река туку канализација за сред него да се прави фонтана и плажа,шмизли доволно има градов за да му додадеме уште една...
И знам ,знам ,не е ова типично за овде,не е во стилот денес ми ставија 5 ка,не ме испраша,овој дибеков не ме сака,сите ми се љубоморни ,шворц сум, тинтири минтири....
Морав негде да си ги истурам мисливе,епа тоа е викаат хартија све трпи...мајке му ондак шо му доаѓаш ти во случајов?
Поздрав од Џамбазот со песна баш ко за сега пишувана(море за сите времиња пред и по транзиција)
П.С Ова е рација,ова е дегенерација....