5 е. Попрецизно, помина 5.
Утре правам годишен тест по математика за кој ми се потребни 258 најразлични формули и треба да знам да решавам истрипани задачи за кои гарантирам дека ни самиот професор незнае точно да ги реши. Дали го пропуштив делот - морам да имам петка?
Се обидувам да не мислам на проблемите во школо, но тогаш мислам на други проблеми кои за прв пат во мојот живот ги оставам без да ги решам или да се соочам со нив. Затоа, се враќам на школото. По-неболно е.
И така, решив да вежбам задачи, околу 12, кога едвај, по 2 кафиња, се освестив од едночасовната дремка. Се потсетив на тоа каде се наоѓав ова време минатата година.
Што се промени?
И тогаш, и сега, се дрогирам со лекови. Нема разлика.
И тогаш, и сега, не спијам по цели ноќи. Разликата е што сега немам толку кондиција за да издржам и до 4 дена без спиење.
И тогаш, и сега, студи надвор и јуни прави да се чувствувам како во октомври.
И тогаш, и сега, не правам ништо продуктивно.
И тогаш, и сега ги слушам Opeth, само што сега се пронаоѓам во секој збор, во секој стих...
Разлика? Тогаш барем имав цел. Сега немам.
Се воздржувам да не почнам со сопствените патетики за тоа како...
Не е битно.
Да ми речеше некој дека ќе дојде време кога ќе бидам среќна што единствените мисли ми се поврзани со математички формули и латински придавки, немаше да верувам. Ете, дојдоа и такви времиња. Ама се подобруваат работите.
7 дена...
Oh, crap...
Иначе, во вторник ќе одам да си купам карта за Сонисфер. Пред Сонисфер (најверојатно) ќе шетам малку, за да ја разбијам монотонијата на спомени поврзани со градов. Колку помалку сум тука, подобро е. Наредното лето...
Ете, пак почнувам. Сакав да тупам за тоа како наредното лето ќе идам во Холандија, но самиот поим "наредното лето" ме потсетува на нешто на кое не треба да се сеќавам, и спомнувањето на Холандија повторно ми буди спомени. Он-топик, едвај чекам! Да дојде наредното лето. Не поради нешто друго, туку поради студирањето во странство.
И се навраќам на мојата љубов, затоа што понатамошниот просперитет ми зависи од денешниот ден, а и незнам со што да го завршам овој тотално pointless пост, продукт на мојата досада во раните утрински часови, кога треба да учам и да се нервирам како и сите останати...