Ај да куцнам нешто додека не ме здрмал пак пмс-ов. Не ми се верува ма,почнав и јас да се вадам на пмс,среќа моја имам срце од дечко кој ме остава на раат тие денови :cheeky2:
Дождов добро ми дојде,црвената боја не била никогаш подобра благодарение на новата фарба за коса.
Srsly,во градов е тешко да си ја најдеш истата фарба,истото бројче. И кога денеска се вљубив во една антика од фарба за коса,ми вели продавачкава-ќе прекинат со производство на фарбата. Дее бре.
И кажи ми од кога променливото и облачното време е предуслов да не се служи сладолед? Ми ја расипаа саботната идила со фамилијата. Најглуп изговор досега што го имам чуено- облачно е,не служиме сладолед.
Океј.
Денеска напишав 3 расказа,онака од нога. Тоа е...зачудувачки добро,со оглед на тоа дека долго време ја избегнував љубовта со хартијата. Но барем се посветив на писатели,мх мх, периодот на испити кога сите учат,јас го искористив за читање. И добро ми дојде. Добро,не толку колку јогата. И трчањето наутро со саканиот. И...навистина
Одам да си го гледам коренот. Се читаме,тоа секако.