Драга
Пред да почнам само да ти кажам дека 500тиот пост го пишувам тука
Иронично, who knows ?
Пиев кафе на тераса, цел ден немав пиено... Морав да го намалам од здравствени причини. Тоа беше единствената работа во која не сакав воопшто да бидам умерена, но сега сум принудена да морам да бидам..
Цел живот се трудев да бидам умерена во тоа што на сите им беше дозволено.... FAIL? Можеби, во дадена ситуации каде што она што го сакав, место во себе, го барав во другите.
Минатиот пат на кратко ти зборував за иронијата која што е се почесто присутна.. Види ја првата реченица
Иронично е Драга кога носиш флаша коњак во ташна, а на семафор додека таксистот се нервира за светлото, ти гледаш билборд на кој е испишано - алкохолот убива. Иронично е кога палиш цигара, а позади кутијата има уништени бели дробови и ти упорно пушиш, па при првиот неуспешен обид да земеш воздух, трчаш на лекар... Иронична е ситуацијата кога слушаш од уста на курва муабети за морал и солење памет, кој колку би требало да има во животот партнери за да остане морален... Кој ја поставува таа граница ? Таа ? Можеби зборувајќи од искуство
Но сите сме луѓе нели ? Сечиј живот се состои од правила, односно животот е школо, во кое никој не може да ни ги каже. Не е тоа заради индивидуалната себичност, туку поради незнаењето.... Никој нема да ти каже како твојот живот правилно да го живееш, а толку подсвесно се надеваат луѓето дека ќе наидат на таков човек. Вистината постои, само лагата се измислува, штета или можеби не што имаме многу луѓе со " бујна фантазија ".
Туку битното... Заврши кај мене уште едно поглавје, исполнето со височини и длабочини. Во една таква фаза која успешно е завршена или е само полувреме, јас конечно можам да здивнам и да се сконцентрирам на оние суштински работи кои одамна ми претставуваат проблем... Дали ќе се навикнам, искрено не знам, периодов и онака е доволно чуден сам по себе. Човек ќе се запраша дали и воопшто може да свикне на било какво искуство и истото да го применува успешно секој пат кога му е потребно ?
Сите ние имаме идеали и жебли кои сакаме да ги достигнеме и што е најважно да ги оствариме. Во една таква ситуација, во која ќе наидеш на човек кој го сакаш, тоа подразбира и да ги сакаш неговите идеали и желби, иако во моментот можеби тебе не ти одат во прилог... Постојат совршени парови во несовршено време, постојат и несовршени парови во совршено време. Но онаа низа на случувања, одлучува кој ќе успее да опстои подолго. Многу предизвици, комични и трагични ситуации, спонтани и исфорсирани реакции, емоции како резултат на две индивидуи кои со својата несовршеност, се надополнуваат совршено... Каде е тука болката ? Веројатно кога една од нив тивко ќе замине да ги оствари своите идеали... Но болката по изгубената работа е многу поголема, од нејзината вистинска вредност...