Драга Кајг...
Сериозно треба да престанам да пишувам тука, моиве од дома ќе ме пратат у лудница. Седнуеме за ручек и глеам ми носат чинија со кајгана, и знаеш јас по навика си почнав: "Драга Кајгана - Мора ли бе луѓево да се толку забегани и мора ли тоа тарабите да ми ја објаснуваат сликата, #sunny, #happy #, добро ма гледам дека мава сонце, глеам дека си happy, тоа муцката ти е отворена до 6ката (убава пломба, must say), мора ли да објавиш дека гледаш некој си под просечен филм, Love movie каде што еден пар се лапа на сликата, мора ли 20 морони да ти лајкнат само за да остават добар впечаток кај тебе, божем имаат шанса, ти во секаква кола не се качуваш. Мора ли ма да вежбаш фитнес само за да имаш перфектно тело само за да си го продаваш на некој сличен ко Dan Bilzerian, пошто гледам идол ти е, нема пост а да нема лајк од тебе. Мора ли да... " и тука ме запреа овие моиве, отпрвен мислеа дека кажувам молитва, ама после неколку реченици ми забранија интернет.