Кеј,
Пред некое време цура на мои години ми продаваше муда за бубрези и во текот на продажбата ми рече да сум видела на фб тоа и тоа. И јас фино лепо и викам, па јас на фб сум многу ретко, еднаш на две недели. И замисли се дрзна да ми рече "другаркава" леле колку си старомодна. Океј сакаше да се направи фраер пред дечурланата кои и веруваат на нејзините приказни. И замисли јас ја прашав неа, а ти колку книги си прочила во последните две недели? Ми вика, еј јас од кога не сум прочитала книга, уште од лектирите од средно. И јас шо требаше, да и речам, еј ама си глупа, како можеш книги да не читаш, а дремиш на фб по цел ден. Не туку, само фино лепо си се насмеав, не оти сфати шо порака сакав да и пратам. Веќе бесплатно не делам мислења, ставови и совети. Паметни сте, сами носете си заклучоци.
Добро утро, имајте убав ден!