Драга,
Ќе почнам да верувам и јас во тие суеверијата во кои баба ми верува.
Што фино ми пресече пат едно одвратно црно маче вчера, за мерак. Не кријам дека нејќам мачиња, непредвидливи ми се и злобни.
И, тараааам, по некој саат промашив скала и сега стапалото ми е шинато/изместено/утепано, зашто си куцам едвај, али и тоа едвај. Арно што не ни беше полошо, али срање по срање периодов. Стварно иам многу работи за правење, за да се забавувам сега со ова и да ја одмарам ногата.
Па и дека си паднав на гз, и гзот денес ме боли.
Криво ми е и дома што кажав прееска. Нити можат да ми помогнат, нити ништо. Нема татко ми да помине за да ме растоварува каде и да треба да одам, а мајка ми да ми носи јадење и пиење во кревет, зашто не смеам да се движам многу. Еее, колку е голема разликата да си студираш дома и надвор од дома. Се навикнуваш дека никому не му е гајле за тебе, освен една-две особи можда, кои се тука да ти помогнат. Се друго е срање од луѓе.
Пред година или две, полагав нешто отсабајле, зимно време, тмурно, дожд врнеше. И си одам на факултет, скалите цели водени пред него, една пред мене влегуваше, па кога се подлизна, кога се слупа на тоа скалите, цела си се испружи. Две чавки што одеа пред неа, се свртеа и си продолжија, никому ништо. Застанав да ја прашам дали е ок, да не скршила нешто, да не и треба помош да стане. Ок беше, дури и си се насмеа, иако страшно изгледаше кога падна.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Мислам дека мило и беше што барем застанав да ја прашам, што мене никој вчера не ме праша.
Никој на светов не го добива заслуженото, иако се тешиме со тоа.