Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.151
Поени од реакции
16.088
Драга,

Најлошо е кога ќе се разочараш во себеси. Не сум осетила погрдо чувство. Зашто нема кој да ти е виновен, сам си.
Добро е ваљда што по 2-3 саати, или пола ден на чувствување мизерно и самосожалување, ме фаќа гооооолем инат, и тоа што требало до тој момент да завршам, во иднина сама на себе си ветувам дека маста ќе ми се извади и има многу подобро да го направам.
И, почнуваме од денес.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
драга, спиев 12 саати.. упм.. I'm не сум арен од вчера па навака..
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.897
Македонски менталитет - зошто он да има и да е среќен, а јас не.
Отидов до градинката и гледам ми ја изгребале колата, со кој памет го прават тоа? Некој со работа си собрал пари да си купи нова кола, а други да му ја уништуваат. Им се направи меракот и сега ќе ги наградат. Глупав народ :tapp:
Уништите црно BMW паркирано пред собрание купено со парите на народот тогаш да ве видам сељачиња некои. :pipi:
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
Денес го видов нешто на Кајгана се потсетив. Не знам дали е за тука или за у ЧекДисАут. Нека го бришат ако е за таму.

Мене ова ми се деси коа трчав за мое средно школо (трка на 1000 метри), на натпревар на ниво на град Скопје, на Градскиот Стадион.

Ги заебав тотално тактиките на фаворитите кои беа од фискултурно, полициско средно, дојдени од воени школи од бивша СФРЈ, атлетичари што тренираат и слични.


Од наше школо по грешка донесовме еден повеќе од што е дозволено, па професорката по физичко одлучи ја да бидам вишокот и да не трчам за школо, него онака за себе да си учествувам во трката. Она така мислеше дека е боље, пошто другиве од мое школо што трчаа на таа трка беа све некои дојденци од ЈНА-средните школи во СФРЈ, кои се вратија да учат во Македонија, пошто нели војна таму. Тие беа све некои супермени у однос на нас. Али ја си тренирав на само, доста време пред тоа и си се спремав за трката на 1000 метри, во која учествуваат најбољите од средните школи у Скопје. Така, на трката учествував, вон конкуренција и за себе (односно за губење часови). а за мое школо трчаа тројца повратници од ЈНА.
Почиње трката и ја си трчам на почеток онака лесно. Првиот круг бев негде претпоследен.
И тогаш стапуваат на сцена неколку работи, предизвикани од фактите:
- Трката на 1000 метри започнува не на старт, него на предходното закривување. Тоа му доаѓа вкупно, нешто ситно (200 метра) плус два цели круга (800 метра).
- Ја никад не сум ја тренирал таа трка на кружен стадион, него на измерена далечина по права линија на кеј.

Заради ова у главата ми настана збрка и тоа ситното на почеток, тие 200 метри, ги рачунав како еден круг.

И да се вратам на почетокот на трката, ми делуваше некако дека споро се одвива. Си реков, абе чекај зашто овие толку споро идат. Па почнав да ги претркувам еден по еден. Не за долго, дојдов до прво-пласираните зајаци. И нив ги претркав на почеток на вториот круг (но, да напоменам дека тоа е почеток на вториот круг у мојата глава, а инаку си е почеток на првиот круг). Набрзо прв испаднав и почнав да праам и предност пред вториов. Глеам се надзира крајот, последен круг и еуфорично си викам - дај све од себе да напраиш по добар резултат. Си мислев дека сум се навежбал и сеа им ја кршам кичмата на фаворитиве. Мада нешто во крајот на главата, ми збореше дека не е могуќе тоа. Проблемот е, што ни они немале у главата дека ја можда грешам и на нив сум им се видел како некој кој можда се навежбал, па како будали и они тргнале по мене, по мојот суманут финиш од некои 600-800 метри. А ја ги темпирам сите сили у мене што појако да финиширам, па ај можда и некој стварно добар резултат ќе испадне. Овие (фаворитите де) по мене.
Ја финиширам со крајни сили и тука у момент на краен напор, на целна линија поминувам, у бунило го глеам тој што мери, како ми вика - Уште еден круг!
И не можам да опишам како се осеќав у тој момент, пошто тоа беше откровение кое ме здрма во mомент кога немам ни душа ни здив (пошто нели ја резултат ќе сум бркал).

Така со мојот "финиш", го претворив последниот круг на трката во нешто друго. Пошто и другиве по јаки тркачи покушаваа да ме пратат и они беа папсани, а ја скоро и да лазев. Не знам ни самиот како ги поминав тие, овој пат вистински последни 400 метри. Ја лазам, овие позади мене одат. И нормално, ете ти го еден, од фискултурно, макотрпно ме претркува со одење. По некое време уште еден, па доаѓа и трет, али него не му се дадов и не му дозволив да ме претрка, па завршив трет, што беше научна фантастика само по себе, во таа конкуренција. Како и да е, последниот круг, сите бевме црева кои се влечат. Значи имаше многу брз почеток (600 метри) и ужасни црева кои се влечат (последните 400 метри од трката).

После трката одма се срушив, али ме дигнаа на нозе. Знам само дека саат време не можев да го стабилизирам дишењето и не ми се глеаше ништо пред очи освен кругчиња некои. Едно време ми се чинеше дека никогаш веќе нема нормално да дишам ни да гледам. Саат време бев како од Марс паднат и ме пазеа. Само слушав, не гледав и не можев дишењето да го нормализирам.

Првите три места носеа пат на републичко, али нема везе, пошто ја трчав вон конкуренција и моето школо не доби слот на републичко (тие од ЈНА се испооткажаа уште у текот на први круг), а слотот го доби четврто-пласираниот. Професорката ќе си ги гризнеше јајцата, али пошто беше женско немаше јајца.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.175
Поени од реакции
13.453
Уште еднаш, по незнам кој пат, се разочарав од Сител. Значи пренесуваат интервју на друг јазик, кој не е Македонски, а Сител би требало да е Македонска ТВ нели :) , без да преведат или синхронизираат. Па добро бе чим може толку турски серии да синхронизираат, може и едно интервју на вести. И ајде што не се помачија да преведат или синхронизираат и ни го тупнаа нас на туѓ јазик да слушаме, туку и ова новинарчево си прашува на туѓиов јазик, како се нормално да е. Ете затоа одеме надолу како држава, катастрофа, ајде ако не и вестиве нека течат на србски, каков Македонски јазик, што е тоа... :facepalm:
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.789
Кајганчичко (леле, што надимаци ти давам значи... :pos:) а бе зарем уште постојат луѓе, што се занимаваат со лажни профили по фб? o_O
Од авион се гледа кога профилот е лажен. Добро сега, не мора буквално да ме сфаќаш, не баш од авион, ама вака од подалеку, се гледа. :D
Добро сега, јас си носам цвикерчиња, што значи од подалеку тешко да приметам ако не ги носам цвикерчињата. Ама коа ќе си ги стаам цвикерчињата, да вииш шо убо гледам. У 9Д глеам. Па ќе приметам, бе. :D
Не со десна рака, не со лева рака, не со десна нога, туку со лева нога да се крстиш. :D Мислам Хелоуууу. :pos:

И ми текна на онаа игричкана, pet society. Ма најубаво маче сум имала у историјата. А нема врска тоа што го викав пет сошети. То значи на страну. :pos:Буљаши едни, они на мене ќе ми тргаат игри од фб. Мрш. :D
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.318
Поени од реакции
10.354
Хеј кеј,

Ја читам темана графити и како што ја читам ме вози низ времето.Бевме копиљаци далечната 2008 кога преку кантер дознавме за форумчево.И тука навлеговме ко оси сите кој од кој побесен.Само на темана графити имам пишано со двеста јузери.Нема врска тоа , поентата ми беше дека пријателе читајќи ја темава се потсетив пак на тебе,нашите дружби запознавање со едни девојки од форумов кој после окупираа еден период од животот наш.Новата година кај тебе што ја славевме кога се пеплоса па почна да пукаш по 5 буренца одеднаш и да ја повраќаш секоја ебана бандера низ дромот и му еба мајката на саатот имитирајќи клип од к-15.Интересни работи ме врзуваат за форумчево,и мило ми е што ја начекав темата.Ме расположи двеста.Почивај.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Draga, gledas li sto se desava vo zemjava? Sirija vol. 2 i posle, evropa sme sakale, da ne priznaele, kur so vakvi moroni. Pa koa procitav komentari od tipot deka ubistvoto kaj gjorce e sekojdneven nastan i deka bolje da drkal doma nego da protestiral, pa kakvi se tie luge? Ima li gram covecnost vo niv?

Eve, son ne me fakja, losi misli niz glava, nervozi..
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Многу добра работа е што одредени пациенти на игноре ми се ама лошото е што наивни страдаат.
 

Дениција

on my eighth life
Член од
17 март 2014
Мислења
241
Поени од реакции
899
Се прашувам колку изгубени душички лутаа на Партизанска вечерва. Броев некое време, но потоа изумив. Пешачев од Карпош 4 до Ново Лисиче. Ќе пешачев и уште, но веќе стана доцна и почна да врне. Испушив рекордна една кутија за два часа. Си ветив дека отсега ќе пушам само откако ќе свршам, денес веројатно надокнадив за цела година. Муабетот за изгубените душички - една од нив бев и јас.

Мислам дека најдобрата терапија за мене е читална и долги прошетки. Читалната ми е место за медитација. Пред шетањето, поминав три часа блеејќи над отворени книги. Но денес ни тоа не ми помогна.

Ја заебав единствената работа која ми одеше во животот. Ја заебав, се заеба, ете и ќе имперсонализирам за да се чувствувам помалку виновно. Секој човек ги сноси последиците од своите избори, а јас избрав вака. За момент испаничив и свртев неколку броја, но вечерва се стабилизирав и решив дека сама ќе се справам со ова. Покажување слабост пред другите никогаш не била моја карактеристика.

Да ми одеа другиве аспекти од животов, па да се утешев таму. Но моментално ниеден аспект не ми е на завидно ниво, па нема со што да си го одвлечам вниманието. Слободно можам да заминам од тука. За Скопјево ме врзуваат само неколку пријатели и скоро заборавени спомени. Тоа не е ужасно многу.

Неколку пријатели, заборавени спомени, и тој. Пак му се вратив вчера. Се чини дека ние двајцата никогаш вистински нема да завршиме. Да постоеше македонски речник на синоними, сигурно ќе стоев до зборовите очај и разочарување. Се прашувал како ќе живеел без мене повеќе од три месеци, му велам да не се грижи затоа што додека да заминам, нашето ќе пукне барем уште трипати. Ми вели да не сум зборувала глупости, можда ќе ме запросел дотогаш. Запроси ме бе душо, и онака моментално сум квалификувана колку една домаќинка. Па да можеме и официјално да потонеме и да се удавиме во меѓусебната посебност и несфатеност.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Драга Воскре ја да су ти бил цвеќе за мирисање.
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
239
Поени од реакции
250
Кајги не сум ти пишал кијјјзнае од кога...Убаво е кога гледам дека сме дарежлив и народ со големо срце... незнам зашто неќам да хејтам нити да грешам душа, ама секогаш према “туѓите“ сме такви, а за “наши“ кога станува збор некако потешко оди... за поплавиве, кој бај д веј се навистина лоша работа, и скраја да е, успеаа да се соберат големи суми за нецели 24 часа. БРАВО! За пофалба е и секоја чест! Ама, зашто секогаш мора да има ама , нели, се прашувам зашто не се реагира така кога се бараат донации за поединец некој, за некое болно дете/момче/девојка... Има донации, не велам не, ама некако повеќе шкрипи работата во вториов случај. Дали е тоа бидејки немаме верба во луѓето, па си одиме со претпоставка дека е може некој скЕм или нешто слично, или дека не се дава толкава важност бидејки е поединец... се надевам дека грешам!

Друга работа што ми лежи на душа е за дечково што го убија за ЕБАН ТОЧАК! Алооо за точак! Па добро бе, толку ли вреди човечкиот живот!? И што дека ќе го уапсат, и што дека ќе лежи робија...доживотна казна ќе му е награда. Џабе е се тоа! Незнам што да кажам...
Нека Почива во мир!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom