Драгаа..
Дури сега сфатив колку е гнасно и мизерно чувството кога си потиснат од сите, потиснат од нивните очекувања кои ти немо ги слушаш и со сите сили пробуваш да ги извршиш.
Плачам само за 1 минута сон, али тоа не е можно.Покрај наставниците и нивните очекувања кои со ектерново се дигнаа до небо, тука се и домашните тек тук да ми ја исцицаат крвта и барем онаа мала позитивност која се скрила во мене.
Барем си ја извршив обврската да извежбам нешто денес, од таа страна не ми бил тапа денов.
И да, ептен се секирам ради полуматурава, нека дојде и нека заврши побрзо.