Драга Кајгана ми се повраќа од луѓе кои читаат книги но не ја разбираат нивната суштина и длабочина.Колку да се рече само дека го прочитале Кафка или пак Тагоре а некаде пропратно ќе им се слизне и возбудата дека ги прочитале Шевалие и Коељо па дремат во исчекување да бидат уважувани како експерти за литература.Таа просечност,таа безвременска желба да се биде дел од буржоаската елита ми отвара рана на јазикот која знам дека никогаш нема да зацели затоа што постојано е во благопријатно опкружување од премногу плунка натрупана од молчење затоа што не вреди да се докажувам пред имбецилни суштества.Најмногу ме боли кога некоја минијатурна кокона,ставајќи си црвен кармин на усните и мафтајќи со раката на која има намотано праменче од нејзината коса,мислиш ќе препадне во секој момент ако го испушти,аматерски и ноншалантно ми ги коментира,цитира и образложува Вирџинија Вулф или Силвија Плат додека џвака мастика а нема искусено ниту делириумска инспирација,ниту меланхонично-општествена депримираност за да ги разбере нивните дела.Ебате фејкерите ебате,кај отиде светов.Мрш!