Драга,
Не е крив за ништо ПМСот, не знам зошто женскиот род го употребува тоа за да ја оправда нервозата кон други. Абе не е крив тој, луѓето се криви!
Камо да останам една недела сама, без никој да ме бара никаде, камоли да гледам некој и да ми се јавува.
Само идиотишта бе, со еден веќе живеам, дотолку си живее во свој свет, што не знае да фрли нешто расипано од фрижидер! Да не збориме за садови, ова ќе биде трет пат по ред јас што ги мијам, али ако, иако јас неам време да се истуширам ко што треба, јас ќе го направам тоа зошто ме нервира да живеам во кочина, а уште повеќе се нервирам кога треба да учам во кочина. Еднаш ја оставив цел викенд сама, си отидов дома, за кога се вратив, чашата што ја оставив во кујна на маса (каде што таа пишуваше цело време, и и сметаше на книгите) да ја најдам на истото место, на сред маса! Ејјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјј, една чаша да не земеш да преместиш, да не ти смета, алооооооооооооооооооооооооооооооо!!!
Кој дибек треба да си бе?!!?
Остај тоа, исто има и некои што и памет ми солат. Фино е тоа, добронамерно, али на погрешен начин. Фала тапчо, ме демотивира наместо спротивното.
Порано не сакав ич да бидам сама, ме фаќаше паника.
Сега .... сега сакам минимум две недели да неам контакт со луѓе. Никаков!!!