Драга,
Си ги заборавив слушалките и наочарите дома, па на сонце боље да одев со затворени очи, и така ништо не гледав.
На симнување од автобус некако успеа да ми се одлепи штиклата.
Па после ме вратија и ми рекоа да дојдам друг ден по дипломата.
На документот за УЈП ми го згрешиле името.
На враќање назад еден автобус ми отиде, земав карта за друг, а тој не ни дојде воопшто. Па сменив карта за трет.
Брзам дома гладна и очекувам дома некој убав ручек, кога БОРАНИЈА!
Да бев суеверна ќе мислев дека е до црното маче што го галев на автобуска пред поаѓање...
Фала им за друштвото на фините момчиња, знам дека ќе ме читнат. Направивте денот да ми има и некоја позитивна работа.
