Passed down to you...
Денес влегов после толку време и разубедување после последниот виден балет. Ко лани да беше како го оставив театарот со раскринкани седишта, лоша акустика. Едина ствар у глобала што има отидено нагоре е оркестарот, иако скромен.
Го сакам Чајковски. Не, не.... обожавател сум на неговиот творечки опус. Од пелени што ќе се рече. Растен со фрагментите на Оревокршачка, Заспаната убавица... Лебедово езеро. Се потсетив денес на него. На заспаниот Зигфрид, на прекрасната Одет, на Бетмен.... На наполитанското капричо што одамна го немам свирено на пиано. Иако на клучни моменти беше прекратено ради компатибилна поевтина верзија, пак ќе кажам вредеше за парите. Особено за Одет и кога некаде на крајот ги вртеше своите пируети со таква леснотија. Браво.
А публиката... Публиката е приказна за себе. Со едно тешко генерализиризање но можеби 60% од истата не ни знаеа како се гаси мобилен телефон па така да на среде претстава честопати оркестарот добиваше придржуба од Моцарт, Бетовен, Вивалди, Нокиа, Тиесто, Џибони.... ма не одустајем. Ви се плукнам во вашата домашна култура што не исклучувате телефон, што ракоплескате на секој обичен stunt што ќе го направат главните ликови... што не дочекувате барем музиката кога ќе запре за да почнете да ракоплескате, туку тоа го правите во последните минута ипол. Уништивате филинг на класичната музика. Балетот без музика е само мимика на загубени души. Целата движечка композиција - загушена од алчното ракоплескање на некои игнорантни говеда кои се кладам добиле гратиси па тука ми се прават демек уживаат во глетката.
Тууу истрошив третина текст на нешто што сосема е непотребно. Ама ако.
So says Saladin