Времево плаче за водење љубов
некаде на отворено ама набрзинка, како не би смрзнале.
Сонцето лаже. И љубовта знае да подлаже некогаш.
Пијам кафе и го слушам Џеф Бакли како пее за лила вино.
Ни вино, ни вистини бре. Ми се сонува под небото. Точак и пумпање гуми. Прикразна и пумпање лажги со опашки.
Ене го кај е први март, ќе гувееме ко глувци под ќебе.
Во меѓувреме, сите кенкаат - наместо да се потрудат да стенкаат.
Од задоволство нели.
Што знам јас, само сакам да напишам нешто, да се зачувам себеси од заборав.
Втор ден на режим, зелки салати насекаде.
Облината е вистина, врлина и тежина! На слободен ден, се погаѓаме со татко ми дома - вадиме се’ од балкон и чистиме зошто е пролет. Вадиме се’ од фрижидер и готвиме, зошто тоа не’ смирува.
Некој ми рече дека сум била многу семејна.
Извади го Ј-то, па ќе зборуваме. Мислам, полудувам, легално. И си творам. И се борам. Женски, струкирано.
Следат подобри денови, но ќе треба да се препотиме и препородиме.
М.