Драга,
Денот по утрото се познава но јас го заебав утрото правејќи ескиважа во последен момент зашто се повикав на - "крајот го краси делото"...и го спасив денот.
Не велам дека требаше да чекаме да дојде прилика каква што е денов за да се помириме и опростиме еден на друг, но подобро е вака отколку никако. Впрочем, најдобро е. И можеби во тоа е и убавината на ваквите празници.
Не ми се падна паричката, но денов ќе го паметам по тоа што бев посебно почестен и поласкан да добијам покана за другарување со еден посебно почитуван форумџија од моја страна, пред се како интелектуална величина и префинета смисла за поентирање на своето преку цинизмот и тролањето. И мило ми е поради тоа, навистина. А денов ќе го паметам најмногу по тоа што, денес конечно го добив првиот лајк од Сунѓерот Боб, што ми претставува уште поголемо задоволоство
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
No hard feelings dude, али Боб си е Боб
Најважно од се е што апсолвирав две мудрости, колку и да звучат клише:
1. Патот до Пеколот е поплочен со најдобри намери,
2. Простувањето е единствен начин да ја надминеш болката.
Добро е, ќе биде уште подобро, секако.