Кајгано ептен ми се смешни оние плакатите по болницине со среќни луѓе што треба да те мотивираат дека уствари болница е добра работа.
Ставени неколку луѓе цели среќни мислиш добиле на лото и одоздола напишано нешто во стил "Една колоноскопија неделно keeps the grave away".
И на сликата ставени насмеани 3ца црнци, 2 скадинавки и кинез. И тие треба да преставуваат Македонско друштво што треба да ми каже дека идење по болници е супер. Мда.
Жената е... жена е...
Бело мече годиначе,
речна слатка тресопатка,
вита ива миризлива,
мека трева што подгрева,
боцкав венец крај кладенец,
мрава,сешто што преправа,
кревко птице назимиче,
тивка соба во злодоба,
прва љуба до прељуба,
свила што се распостила,
лето в сенка засолнето,
глина полна сончевина,
утро в сина виделина...
Жената е...жена е...
Годинава тргна преубаво.
Може и ќе продолжи така ако останам со понашањево кај шо кур ме боли за туѓи потреби и си терам за да си ги задоволам своите.
Поубаво било коа се ставаш сам на прво место.
Ќе терам така.
Ден со позитива и неколку чашки црвено вино, парче прекрасна торта,,, Се` тоа благодарејќи на една блиска личност. Заебанции, смеење,,,муабет. Тоа се тие мали моменти кои сите мислиме дека се едно ништо, но всушност многу повеќе вредат од некој закупен локал за НГ со многу гласна музика.
Love always
Satsy.
Во 6 сабајле зјапам во еден слајд и не ми е јасно што сакал авторот (професорот) да каже. Не му ги сфаќам цртичкиве и стрелкиве, не ми е јасно што се глупостиве и што значат. Така си е тоа кога белешките ќе си ги заборавиш и нема да си ги земеш дома. х 10 не ми е рамно, али ајде.
Битно јас си пиев чај, си се качив на тросед и од подалеку пробав да зјапам во лаптоп, као демек од друг агол ќе ми се разјасни.
Имам нова чаша за чај инаку, се вика Hugs and kisses (така на неа пишува), црвена е, затоа и цевката со која пиев си ја одбрав црвена да биде. Остај, и на тоа ми текна, уште да ми светне што беа ознакиве ќе биде екстра утро.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.