Драга,
Се селам за два дена , тука во близина , не дека сакав, не дека морав , туку ми беше сеедно.А знаеш што е најлошо во животот ? Кога ти е сеедно.Е така мене на пример ми е сеедно за се што се случува околу мене.Ми беше сеедно за неа,за нив,за него,ама како викаат тркалото се врти.Кога на нејзе ќе и биде сеедно за тебе,тогаш тебе ќе те удри тоа од земја, малце појако од земјотресот у '63,малце послабо од бомбата у хирошима.Порано знаев да кажам животот иде даље , ќе помине и ова,ама животот иде даље ако имаш некој во него,ако си зацртал нешто и сакаш да го оствариш.А јас што имам зацртано ? Не знам што сакам да бидам во животот, не знам која ја сакам и дали ја сакам , не знам буквално ништо.Буљашка работа ти е тоа кога не ти работи совеста,морам да признаам.