Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Tombstone blues

Од пронаоѓањето на пирамидите во Босна, па се до најголемиот генерал на сите времиња, Хрватскиот znanstvenik Николиќ се користи со пар методи и техники, креирајќи совршен методолошки пристап за кој може да му подзавидат плејада научници и автори за кои во денешниов научен свет, и општа литературна перцепција, нема доволно место. Фасцинантноста во неговиот методолошки пристап се состои во едноставноста и досетливоста, натопена во бескрајните можности на технологијата, како google (Earth) на пример. И оттука, може да се изведе заклучокот дека алатка како google Earth, покрај онаа основната, аеропланско – воајерска, има примена во било која наука: географија, историја, социологија, хемија, физика, па дури и за ЗПО од трето одделение (не знам дали уште постои тој предмет). Значи, за многу науки и научни единици. Освен, очигледно, за логиката.
Е сега кога логиката изостанува, на ред е истата да се „направи“ од ништо. Обичен, профан никулец од каде што директно, без логично стебло, ќе извираат дебели цврсти гранки. На тие гранки, подоцна ќе можат да бидат спружани (ко алишта за перење) разно – разни идеи, кои ќе имаат голема примена. Онака, создавајќи нелогичен свет. Каде што, по логика, нелогичностите ќе бидат единствена вистина.
Е сега, како се доаѓа до тие гранки на науката? Упорност и макотрпност. Еве како еден научник кој наоѓа пирамиди кај Игман, приоѓа на мистиката, на незнаењето, на историјата, на светот воопшто:
Задолжително користење на google Earth, со солиден mouse, на кој безгрижно ќе може да се скрола по 510 милиони километри големата небесна топка за која до пред 6 века сметаа дека е плоча. Штета што тогаш немале google earth, ќе спасеа луѓе ко Џордано Бруно од канџите на Инквизицијата. Добриот „глушец“ мора да лежи на добар mouse pad: препорачливо е, доколку сакате да бидете на рамниште на ваков хрватски znanstvenik, како маус пад да имате книга од значаен автор кој денес никој не го чита – од проста причина оти е доволно добар. Па така, како маус пад може да користи било која странска историска литература, некоја филозофска книга или списание, и сл. За подобро да оди истрагата на google earth се препорачува стручна литература каде што тврдењата се поткрепени со силни и издржани аргументи и голем број на релевантни извори.
Така, уз kafica..., на private tab (додека google earth си стои) си листаш некои дневни on line весници, со надеж да се изјанде некоја бомбастична вест со предзнак ФОТО: или ВИДЕО:, со клучен збор: ШОКАНТНО. Кога веќе гледаш колку е тоа забавно, убаво и фасцинантно, одлучуваш да се усмериш кон таа научно – наставна целина: да направиш научна статија која во предзнакот ќе ги има токму тие бомбастични приврзоци. Следен чекор: Unsolved mysteries.
Инспириран од емисијата каде што, исто така, бомбастично се најавуваат нерешени мистерии кои на фасцинантен начин, вклучувајќи мултизаплети, се решаваат. Па бидејќи на камера изгледа толку лесно, одбираш нешто покомплицирано. На пример: како да решиш мистерија која е мистерија само за луѓе кои не прочитале ништо од Зоки Поки навака? Такви има неколку: Кој е главен град на Филипини; дали Фидел Кастро навивал за Барса, а Че Гевара за Реал Мадрид; зошто комунистите од Источна Германија беа подобри во спорт без топка од нивните капиталистички браќа од Запад, кои владееа со топката; и каде се наоѓа гробот на Египетскиот фараон Александар III?
Додека трае научното „хмммм“ – се префрлаш на google Earth и шараш по редослед на асоцијации. На што те асоцира Александар трети/
На многу работи: најмногу на Колин Фарел. Понатаму, може и на Македонија, оти по некои специфични ситуации, повеќе ти одговара страната дека тој е Македонец. Останатото, е историја. Сега, и во буквална смисла.
Скролаш кон Македонија. Во меѓувреме, на уште еден private tab гуглаш за нашава држава, да осознаеш нешто повеќе. И дознаваш дека темата која ја истражуваш е главна тема за дискусии и разговори: од 7 до 77, од слаткарница до Собрание. Супер.
Ја исклучуваш логиката. Доколку си читал некаква историја, било каква, и воопшто, ако имаш нешто читано, бар за момент се обидуваш (и успеваш) да го заборавиш. Така, единствена варијанта за можната локација за вечниот дом на големиот владател е Македонија. Ги исполнува сите услови.
Следен чекор: бараш локација. Некоја која не е толку fancy, ко Охрид, или Скопје на пример. И Гевгелија не е препорачлива: многу грци има по тоа коцкарниците. Дур скролаш, ти закучува маусот на специфично место. Свети Николе. Топ. Името ме потсеќа на Дедо Мраз. Плус, родно место на Лазаров Кире. Плус шпекулираа нешто за нафта, ова она. Супер – ги исполнува критериумите на новата логика.

Излегуваш во медиуми со теза дека таму е закопан Александар. Тезата ја поткрепуваш со google earth наоди.

Znanstvenik си.

Понатаму, наоѓаш научни истомисленици, кои вршат слични истражувања. Истите се од домашен вид. Домицилни znanstvenici.

Пирамиди во Босна, а Александар почива во Македонија. Кралот кој ја сруши Персија, и уживаше во месопотамскиот рај, без око да му трепне за денешна Македонија. Тој може да бил закопан на било кое место во големото царство во Азија и Африка. Но, зошто тоа да не биде Македонија?

Македонија и Босна. Две држави чие население обожава да се храни со бурек и небулози.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Тешка е улогата на цврст, издржлив столб во семејството. Не смееш да потклекнеш, чуваш емоции и грижи во себе, затоа што ако ги покажеш, скршените и потиштени срца околу тебе, уште толку ќе се сокршат. У пизду матер нека иде денов и нека побрза "подоброто утре".
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Драга моја кајганче :love::LOL: сакам да прашам за радиото дали ќе се активира пак и јас сега направив некои џинглови што ќе можеме да ги користиме на радиото. :)


А види ги кајгано моја каква убава и прекрасна дупка направиле на плажата, заедно љубејки се. Сакам и јас така некој ден со некоја што ќе ме сака и ќе ме гали. :love:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д.
поглупав денов не можеше да биде......од сабајле коа ќе ти тргне така ќе ти биде буквално цел ден.
-саат: 05:55 сабајле....пред врата некоја се дере, трча и ме буди: ИЛИ ВРАТИ СЕ ВАМУ ДА ПЛАТИШ ИЛИ ЌЕ МУ ЈАВАМ НА ЈОВАН...СЛУШАШ? ГЛУПАК ИДАЈ ВАМУ...АЛОООО.........(не сакам да знам која беше)....
-саат:07.30 сабајле....јас од една страна на врата, таа (некоја глупача) од друга. таа турка накај мене со сета сила, јас накај неа (не знаев ни дека имало некоја од другата страна) и вратата фино лепо се акна од ѕид, пукна стаклото, и мене ме ѕвекна. па таа уште и ми се дере: ПОЛЕКА БЕ ДЕЧКОООО АМАН ЌЕ ВЛЕЗЕШ!!!!! и си замина и јас бев крив за вратата.....башка сите во мене што гледаа....
после џабе дремев 2,3 саати, кога дојдов на ред заминаа на пауза, а се брзав за на колоквиум па немаше шанси да дремам уште.
-саат: 10.15 сабајле.....колоквиумот почнат....ми дава тест, немав време да допишам, одма ми го прегледува и ми вика колега се гледаме Јануар :coffee: сакаш усно или писмено.....сакаш околу 20ти или околу 30ти......
-саат: 12.00 пладне.....идам со трчање пред канцаларија кај тој и тој проф. гледам време за консултации четврток од -11.30 до 12.00 :D тропам може тука е....ама сепак не беше.....и сеа потпис???
-саат: 20.30 вечер.....дремам тука, а утре имам друг колоквиум........
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Драга Кајги.

Денов гледам на сите ни бил утнат. Кај мене утнат е комплимент.
Само сакам да си легнам и да се преправам дека овој ден никогаш не се случил. Премногу ли барам?
Изглеа да. Не за другото, последиците од овој скапан четврток ќе си ги носам уште многу.
 
Член од
25 декември 2013
Мислења
38
Поени од реакции
32
Драга Кајгана, овој дарко кога го читам ми се блуе, како што би рекол драгиот саше политико- овој е масовна плачипичка такозвана путана.
 
П

Пепси_

Гостин
Ми речи ти дете имаш многу среќа,и сварно така испадна овој период,мада на тоа поле кај шо сакам немам никаква среќа :D

Каква коинциденција многу работи заеднички испадна дека имаме,а ја сметав за малце наперната (не дека не е де),кој знае кај оде воа,само арно може да е.

А му реков не е мој тип,не ми веруе се запнал а у :D


чудно како сите ги прашуват кај че одат за нг мене никој до сеа ме нема чепнато..... :cool:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.924
Поени од реакции
41.896
Да знаев какви глупачи се вработени во техничка служба на телекабел никогаш немаше да приклучам интернет од кај нив. :confused:
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Химната на нашите политичари. У турбофолк фазону нормално.

- Ne, ne, ne pitaj, glasaču,
ne pitaj me gde su pare tvoje,
eno, dole u kafani,
konobari broje!
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.318
Поени од реакции
10.354
Да знаев какви глупачи се вработени во техничка служба на телекабел никогаш немаше да приклучам интернет од кај нив. :confused:
Јавувај им се и на секои 30 секунди ако треба,само така ќе го добиеш тоа што го сакаш.
 
Член од
25 декември 2013
Мислења
38
Поени од реакции
32
Не можам да бидам на страната пиле, да ти ебам пријатели, на 01:00 виски повик.

На почетокот на верував дека може да се грижи , а можеби и рано тој се уште не: дојде од мојот стан, ненајавено, да се каже здраво , тој го прочитате мојот необјавени пишување и го испрати својот комплименти ; неговите текстови дојде неколку часа пред паѓањето на ноќта , барајќи за мојот ден . Јас го запозна со мојот бармени и тој беше заслужен за сите мои пријатели. Во тие разговори , некаде во тоа време тоа беше само тој и јас , го најдов парчиња од него привлечен, убав. Имам од chalked до неговата чувствителност на предиграта . Тоа е во ред . Јас не сум луд. Јас сум само завршува работите.

Јас се обидов да се прават работите на свој начин. Милиони луѓе , мажи и жени подеднакво , се прават работите на свој начин : тие признаваат нашите животински инстинкти, нашата потреба за дружба, и тие се донесени наивно да не- жици независен квази- врска. Што работи за некои - и поконкретно, што работи за него - не се работи за мене. Јас не треба да се засрами за сакајќи ништо помалку за сторено врска.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom