Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.409
Поени од реакции
25.288
Драга Кајгана
Деновиве во овој изминат месец како да беа сите размачкани еден до друг на едно исто огромно платно закачено на некој ептен тазе варосан ѕид. Се прелеваа во различни бои со повеќе светло сини нијанси и тешко можеше да се распознае кој ден каде завршил и која ноќ се буди негде под огромно небо со ѕвезди. Интересно е што кога и да погледнев нагоре, сите ѕвезди беа тука. Можев да ги видам буквално сите мои ѕвезди над моето небо во ноќите минатиот месец.
Таквите траат и денес.
Овој месец нарачав ново платно во кое повторно ќе ги прелевам сите мои нијанси, ќе го размачкам денот во ноќта и ноќта во денот во тоа платно кое и овој месец ќе ги содржи сите мои чувства.
Кога деновите очајнички чекав да изгрее сонце, размислував и дојдов до заклучок дека за прв пат во мојот живот времето надвор не влијае на времето внатре во мене. Цел месец не угреа сонце, а длабоко во себе се осеќав сончево. За прв пат, и се чудев на таа појава за еден меланхолик како мене. Можеби некогаш и во право бев кога на шега ќе му речев на еден мој другар "Сонцето денеска го оставив други да го резервираат". Сепак, некои денови, ретки денови кога сонцето ќе се појавеше, јас мислев дека тоа е резервирано само за мене и за оние околу мене. Само за нив би сакал да свети, иако тие уште не го пронајдоа длабоко во себе она чувство кое те тера да мислиш дека имаш резервирано едно мало минијатурно сонцуле само за себе и ти свети само тебе кај и да одиш.

Се обидувам колку толку да го стопам времето на досада и ми оди добро во тоа во последно време. На часевите или читам некоја книга од некој икс автор со икс наслов на некој час по логика во кој никој не ја слуша тажната професорка или ќе зазборувам со Симона која во последно време ја избегнувам поради книгите кои ги читам и таа често се лути на тоа дека и е досадно. Понекогаш се сожалувам на нејзините погледи кои се навистина резултат на некоја длабока рана во нејзиното лице настаната од досадата која е поголема од час во час. Ќе ја земам нејзината тетратка и на крајот на корицата ќе цртам срциња, а во нив С и К, потоа ќе напишам нешто што ќе ја налути. Таа за да ми врати ќе ја земе мојата тетратка и на корицата накрај ќе напише Д и А, испишани во срце кое таа го црташе сто пати подобро од мене. Понекогаш ќе речев дека тоа не годи на лик како мене кој на себе ја носи ахиловата пета и силата на Самсон, ама кога подобро ќе размислев тоа сепак ми беше смешно и интересно. Во животов секогаш сум настојувал да правам паралела меѓу грубото и нежното, доброто и лошото, срамежливоста и упадливоста, ете сепак тоа е еден пример на мојот искомплексиран карактер, воедно и комплициран кој мислам дека да беше поедноставен, немаше да бидам интересен ни за себеси, а не пак за некој друг.
Во последно не ни се трудам да оставам впечаток кај некого.
Должам неколку кладби, милки и кока коли, сето тоа на рачун на изгубата на мојата љубов против најлутиот ривал Интер. Не можам уште да се опоравам и ќе се пронајдам себеси некогаш како размислувам околу таа утакмица, со погледот во кој не сум дефиниран кај гледам и со раката го потпирам уморното лице со очи полни подочници.
Пред некој ден се кладев со Кољче дека тој од 10 пати слободни од тројка, нема да го даде ниеднаш. Се кладевме по илјада денари, и јас ја добив кладбата. Некако ми олесна и сега сите чоколада и пијачки што ги должев им велев на другарите да ги стават на сметка на Кољче и јас ќе му одбивам од неговиот долг кон мене.
Карма.
Не верувам во неа. Цврсто сум убеден дека не верувам во карма. Просто работите се случуваат затоа што правиме ние причинско-последични реакции и тука не станува збор за некој невидлив морал или карма.

Ги поминувам ноќите од оваа измината недела во играчницата на две минути од мене. Всушност, единствената играчница во градов. Јас и мојот најголем ривал Боби, кој во последно очајнички сака да ме победи, играме Фифа по саат или два, па тогаш се чувствувам ко некој пензионер и не ми е гајле за ништо. Понекогаш кога ќе дадам гол со Милан му велам на шега "леле вака и во живо да играа", а тој ќе се пошегуваше исто, ама не на негова, туку на моја сметка. Понекогаш мислам дека Боби е всушност мојот имагинарен другар и дека тој можеби и не постои. Некој рекол "мислам, значи постојам", ако е така, многу луѓе всушност денес и не постојат. Боби мислам дека понекогаш се вбројува во оваа категорија, ама само Господ ми е сведок дека со најдобри и најчесни намери го прави тоа. Нема никаква злоба во него дури и кога вели дека ќе ме прегази со својата формација. Ама Боби секогаш одбира грешна формација, барем скоро секогаш, колку што мислам јас.
А јас порано играв со многу отворена и напаѓачка формација, бев поопуштен и одев без страв да не изгубам нешто. Последниве пати се пронаоѓам себеси како играм со повлечена формација и при секое водство се кријам уште повеќе со страв да не примам јас гол. Метафората е очигледна, без разлика дали се работи за игра или за реалниот живот.
Господ да ми е на помош и да ме варди ако некогаш одбирам да играм со погрешна формација во животов и со играчи кои не се доволно подготвени.

И дома времето го исполнувам прилично добро. Во последниве две-три недели ги изгледав пола од номинираните филмови за Оскар, а секој вторник следам Хаус и 24, а од оваа среда веќе и Лост. Читам. Изминативе две недели прочитав околу 8-9 книги, од Престиж до Пророкот, од Ладлам до Џон Гришам, од психа до трилер. Притоа имам време да ги слушам сите нови албуми што ги спуштам.
Доцна навечер ќе ја згаснам сијалицата и ќе пуштам некој нов рок, на пример Џон Скофилд или некој live концерт на повеќе рок изведувачи. Се опуштам со топол чај кој е најверниот мој другар во доцните часови.
Интересно е што во изминатиов период се пронаоѓам себеси како откривам работи, одам на нешто ново и ново, никогаш не сум пасивен и не застанувам и не тапкам во место. Често деновиве кога читам некоја книга коментирам "дај не умирај сега" или ќе стигнам до дел каде што се опишува како каминот гори во топла пријатна соба негде во Авганистан и ќе коментирам "немој само да предизвикаш пожар". Си коментирам сам со себе. Се прашувам дали и кога зборувам со Боби, всушност зборувам сам со себе и луѓето околу мене се чудат. Ама ме теши фактот што можам да набројам барем уште 6мина кои го гледаат Боби. Можеби тој ни е наш заеднички имагинарен, фиктивен пријател кој сме го повикале кога нашите животи биле тажни и ние сме биле несреќни.
Сега сум многу среќен, а Боби сеуште е тука, па тоа е уште еден факт дека тоа што тој е тука кога сум среќен е можеби и реален тип, со полушатирана природна коса и се разгрбавува кога се поздравува со некого.

Понекогаш размислувам на кој начин се поздравуваат луѓето. Во последно луѓето ги делам на луѓе кои цврсто ја држат мојата рака кога се поздравуваат и луѓе кои никогаш не ги стегаат цврсто и како да немаат сила или нивната рака е составена од плишана дланка.
Имам подарок, нов подарок од мојата најдрага личност, мече, со медаста боја кое спие и во рацете држи перница, а на главата ја има онаа смешна капа која луѓето ја облекуваат кога спијат. Никогаш не сум сфатил зошто го прават тоа.

Во овој изминат месец да бев лимон, ќе бев сочен, голем, дебел, да го исцедиш и да направиш еден литар лимонада со него. Уште не сум исцеден на моја среќа, се осеќам свеж и исполнет и среќен. Во овој изминат месец да бев статус на мсн, ќе бев онлајн нонстоп! Во ниеден момент немаше да поцрвенам, пожолтам или недај Боже посивам.
Во овој период да бев интернет конекција, ќе бев најбрзиот интернет во државава со неограничен даунлоад! Во интересните ноќи да бев универзум, ќе бев бесконечен, и иако никој не ќе можеше цврсто да се увери во тоа, сепак ќе веруваше. Тоа го правам и јас. Верувам, иако немам доволно докази и материјали, ама не ни ми требаат. Јас се слушам себеси и другото јас, или можеби мојот пријател кој сепак и е имагинарен, вели дека постапувам правилно.
Деновиве да бев свет, ќе бев мир и љубов. Миговите поминати со луѓе кои ги сакам ме тераат да размислам дека ако бев филм, ќе бев креација на најголемиот Кјубрик, некое совршено магично дело.

Сега продолжувам назад во реалноста, ама ни пола од она што сакам да го кажам не е потрошено. Ни пола од моите зборови не се потрошени.
Од едни другарки го слушнав крајот на Шехерезад, случајно, не дека сакав. Од тогаш до денес го уценувам татко ми дека ќе му го кажам крајот. Тој е во очај со прстите на ушите и ми дозволува да земам колку сакам пари од новчаникот, само да не му го кажам крајот на серијата кој јас го знам, или барем се надевам дека го знам и дека не ме излажале кога зборувале за тоа.
Јас не го користам тоа, јас сум скромен лик кој се насмевнува на сета таа иронија.
Остани поздравена Драга Кајгана, вечерва да бев пост ќе бев еве олку долг, дури и подолг, ама со време Драга. Овде и Дон Кихот има премногу конкуренција за да можам да пишам подолг пост, ќе се стопи и ќе се изгуби.
Тоа е од мојот имагинарен и реален свет. Некогаш тешко ми е да ги видам границите на овие два, ама не мора, и онака ми е супер!
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
^ Имат некој живци цело да го прочита ова ?:nesum:
нема везе,друго ми беше збороТ

Спамирам ја така у играчница,коа ми падна нешо у очи
Моментално активни корисници16 (1 членови и 15 гости)DracevoTheCity

15 гости дошле,а ја неам ни кафенце да ги послужам :(
и сеа се разочарав,и идам да си легнам
Чао


(нишо лично )
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Пост од неколку реченици.






И плус:





Шифрирано е. Само јас знам што се оригиналите ок.веѓа1
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Драга,

од шо сум збунет не знам шо да ти пишам ...


†GODLIKE†


п.с. положив уште еден предмет
 
S

smart ass

Гостин
Драга Имам Идеја:vozbud:

Ама...не знам дали ќе ми биде за џабе жртвувањето.

Но има само еден начин да дознаам.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Драга Шенка,
Се чувствувам како великомаченик, госпоѓа госпоѓа Мими. Значи вечер ако не се истрескам на раат до некој бас, јас ќе си починам. Не сум социјализирана, се чувствувам како баба, неизлезена во диско милион години. А вечер диско и и и башка со другаркиии! :) :vozbud::wub:
И за малава ќе залијам ако треба, само нека дојде време за излегување. Нек му е со арно, со убоо!:)

Премиерот Груевски доби втора ќерка
петок, 05 февруари 2010
Вечерва околу еден час пред полноќ премиерот Никола Груевски стана татко по втор пат
Вечерва околу 23 часот во скопската гинекологија Мала Богородица, Боркица Груевска, сопругата на македонскиот премиер Никола Груевски, ја роди нивната втора ќерка.

Ова е второ дете во семејството Груевски, по првата ќерка Анастасија која се роди на 6 ноември 2007 година во истата болница.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Драга

Еве јас да ти се пофалам нашколо си се досадувам, ама се тешам дека уште два часа и не чекаат два дена одмор:)
П.С. Никако да почнам да учам, а сеќавам дека ќе ми се натрупаат после лекции и предмети па ќе се сликам:jaj:
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Драга Кајгана,

јас ти ветив дека нема да ти пишувам, и делумно ќе си останам на своето незамарајќи те со сопствени проблеми. Само да те прашам, вака уз утринско кафе: мислиш дека Грујо, сега веќе со 2 деца на грб, ќе подразмисли малце у какво Скопје тие напатени душички ќе израснат?
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Драгаа...

Скопје не е Париз! Ако го направат тоа што мислат да го направат има да ги нема! :smir:

Пак ја!
Жал ми е што морам да идам на факултет, а баш сакав да ги дружам идиотчињата од групата ALT + F4 за да видите кој ви го гледа профилот! 100% работи, докажано!

Аххх ... :-(
http://www.facebook.com/#%21/group.php?gid=320245961082&ref=mf
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.079
Поени од реакции
74.824
Кајги да ги ебам тие што ни направија секој ден на факс да сме од 10-16 а во петок од 8-16:pusk::pusk::pusk::pusk::pusk:
И да ја ебам владата затоа што им даде на пензионерите во петок да се воизат гага во автобус. До сега нигде ги немаше а од денес секој петок автобусиве ќе ни личат ко подвижни гробници:smir:
 
P

PewDiePie

Гостин
Лејди враГАГА.....
Едвај чекам да дојде вечер да се видам со една личност до душа и едвај чекам да дојде 16.00 да се видам со една друга личност али за различни потреби :tv:
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Кимиch,
петок е знаеш? :back:
Еј денов е најубав.. Сонце, френдс.. расположени максимуН..
..ВеЌерас..ах ! :wow:
Наредната недела, нека помине блоди мери и почнувам во теретана..со него :) (муахаха)
Kewl. И собиранка ќе има... идеме со black angel i Forza`22 :pipi: душки.
Ај ќе ти се фалам пак при крај на викендов.. хип хоп, хип хоп, хип хоп.. у сабота Mundo Caliente.. u-la-la !
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
драга
прва смена сум на школо, знаеш и ти. си дојдов уште во 11 ми се спиеше в крај :nesum: си легнав ама многу се покајав, сонував лоши соништа :nesvest: мразам кога ми се случува ова. знам и јас дека сонот е она што го гледаме, она што размислуваме, она што чуствуваме....ама сега ќе ми треба некое време да се соберам :toe: инаку за вечер не знам каде ќе одиме. ај одам да те приразгледам и ќе одам да јадам...чао :back:
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Оу јеа, I love pranks :D особено кога некој може да извлече поука од тоа. :)
Шема е, шема шема шеееема.. лааа :)
Вчера вечер, се здрвив.. Текилас:cug::party1::party2::pijan:
Интересно беше додуша, невикам не.
Криво ми е си го расипав рекордот... година и месец дена не бев пијан.. Али добро.. Вредеше...
И одозгора на тоа станав у 8 бе :zver:

Доста ти е за денес кајги.. идам да пратам на чаз :)

Чаопријатно.
 
К

Кики.

Гостин
Кајгана,
малер сум денес повеке од кога и да било порано - не ти кажувам зошто, тапа е се.
се нервирам затоа што сум доволно глупава да не знам да проценам луѓе и еднаш не се научив да бидам резервирана кон сите па дури и со моиве дома - треба да ќутам и ништо да не зборам на никого ама тоа е бидна веке. најлошо е што знам дека тоа не можам да го сменам ама нвм.
туку сакав да ти кажам дека многуууу сум нервозна ама ке помине најверојатно некогаш ... или не?:raz:
:angry1:вака беше денес цел ден со сите и нема веке :nesum: од денес натаму ке си бидам сама и онака на сите им пречам и сите ми се лутат.
ајт доста те замарав ке си уживам во самотијата
поздрав :jaj:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom