***РЕНАТА***
Brave
- Член од
- 15 декември 2007
- Мислења
- 865
- Поени од реакции
- 28
Д.К
Првин да ти кажам дека во неколку наврати се обидував да напишам пост на темава,ама бев прекинувана и можеш да замислиш дека неславно завршија,а да се надеваме дека нема да се случи така и овој пат.
Инаку се` е во ред со мене,уствари ништо не е во ред,ама нема веза.Навикнав и така па на моменти ми се чини дека е.Во случај нешто да стане како што треба ќе ми падне чудно.Живеам како идиот деновиве,со строги определби мозоков да не го користам за извлекување заклучоци,анализирање и теоретизирање,а најстроги забрани имам за давање совети себеси и на другите.Морам да истакнам дека не е воопшто забавно,поточно за никаде е,досадно некако,безвеза,глупо,нема потреба да продолжувам ме сфати...Уште една заблуда,а јас си мислев дека да не се замараш со ништо е секогаш лесно,ама веројатно за кого како,кога како и слични варијации на тема.
Се трудам упорно,ама понекогаш не успевам да одолеам на искушенијата од околината.:nesum:Барем сум искрена еве.
Го убедив другар ми да и се смири на бившата,чисто само заради тоа дека така е исправно ,праведно и ај сега да не објаснувам многу ќе ми треба.Битно е дека сега е среќен,најверојатно и бившата,а делумно и јас.Е сега ова отвора една нова дилема,знам нешто сепак или ..ама нека си остани дилема.
На сестра ми и дадов еден совет во домен убавина и здравје.Тука е прилично неизвесен исходот и постојат добри шанси гадно да наебам,ама ај да не бидам песимист и паничар во исто време,две во едно да не речам.
И последно,на комшивчево му помогнав да си добие две петки.
Овде застанувам,ама не е баш лесно така нагло да престанам да се плеткам секаде и да се правам паметна. ОК,вистината е дека тие го побараа моето мислење и сами си се виновни што си се поставија во позиција на експериментални глувци и толку,не ја тупам повеќе и не се замарам.
Туку,оваа сабота треба да одам на еден настан за каде апсолутно немам желба,волја,а на никој начин не можам да ескивирам,алиби единствено прифатливо е нешто да ми се случи и в болница да завршам.Сепак,не се исплати и ќе морам да одам.Последен пат кога морав да го сторам истово беше некаде почеток на август,убаво се сеќавам дека на другар ми му реков дека очекувам награда за таква една жртва.Епа верувала или не,добив убава награда.Овој пат заедно со наградата заслужувам и дополнителен бонус,во случај некој да се сети да ми додели тоа што заслужувам.Ако не таков случај,ќе се преправам дека ништо не сум очекувала и сите среќно и весело ќе си живееме,кретенски и идиотски,ама среќно и весело е најбитен момент.
Ај одам оти почнувам да се нервирам.