Како се потресов денес, станав и ме удри шлог... Не ми се верува колку е кревок животот и здравјето, а нив секогаш ги ставаме на последно место... Битно испитите ни идат на нерви, времето, досадно ни е, ова не чинело, она не чинело... А здравјето бе пилиња? Каде ви е грижата за сопственото здравје и животот? Животот може да заврши додека да трепнеш, а ние дебили се замараме за работи кои нема ни да ги паметиме за една година.
Какви неблагодарни кретени се луѓето према животот и шансите што им ги пружа. Не е животот краток, ние сме идиоти! Е тоа имам да го кажам денес.
Затоа ги сакам луѓето, затоа сакам да ширам љубов и оптимизам, зашо од негативна енергија и тролачи без почит ми е преку глава. Животот завршува, има многу болка на овој свет, а луѓето секогаш прво се фаќаат за навреда и исмевање на другите. МОРЕ МАРШ за таквите, еве од мене!