Драга,
...дојдов за да напишам некој збор, да општам малку со моите мисли, мојата носталгија, да општам со моето ново, мојата иднина, некаде далеку од соништата, мечтите.
…беше убаво, признавам, беше прекрасно за една љубов, за неколку лица, за едни сјајни очи, сега изгубени во правта на едно време кое се крие од вистината, бега од болката на стиховите. Очи кои живеат во постелата на новиот реалитет, во димензијата на некои други соништа. Mожеби се обидувам да си ги парафризирам зборовите во една опсесивно идеалистичка рамка, а можеби само со доза на носталгија и сеќавања од незадоволните допири и заокружување на еден серијал од љубов, радост и тага наречен љубов во крв.