Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Да ви се направи една Лустрација, ќе испадне дека потсвесно сите мрзите снег ( ко ја :( )​
Тепачка у Топанско, деца против 9-ка​

256.jpg

П.с Попладнево си чистев снег во 100 чекори ,а не ми беше во програмата. Шо добро направи ти денеска за Македонија?
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Драга Кајганче,

Првпат ти пишувам и тоа за убаво. Прекрасно се чуствувам денес, се подновив за зимата со оргинал нови тимберлинки и капут, ко мало дете се радувам ама одамна сакав капут + тимберланд, еве денеска конечно се решив да купам.
Поздрав драга :)
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.025
Поени од реакции
12.697
Драга,
Once and for all, се молет скопјанчиштава да ја научет разликата меѓу снег и кашкајнца,немат смисла ова, втора година кај шо сум Скопје, снег та снег напнале и по фб и по твитер и по све шо постојт, ќе се израдвит чоек и да ти се стужнит ко ќе излезиш надвор. Или нека врнит или нека не врнит, шо е ова ќе се лажиме сеа.
Јас добра Кајгано, се тегачев 5 сати Охрид-Скопје зш очигледно снег во декември е неочекувано за Македонијапат. Да не се секираш, здрава не сум, добра не сум,слободна не сум. И така.
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Драга

Најгадно нешто - колоквиуска да ти иде, а тебе ама ни на крај памет да не ти е книга да отвориш.....
 
Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Драга.
Не знам колку ме сака денов, ама јас него многу.
Цел ден мачорисување, сармички, Мадона, снег, шетање, цртани филмови и детска литература. Си купив хулахопки ко на Витни Хјустон у осумдесети и сум непоправливо хепи ко којзнае што е. Цртав срца со стапалки по Партизанска, и си најдов еден малечок мачак, му купив паштета, и се дружевме еден грам.
Ми фали некоја штичка, сигурно.
Прекрасно е кога се сетувам на Нас, знаеш? Кога ми наидува мирис на сон. Пижами во кои спиел некој кој е многу љубен.
Па си ја грабам перницата, ќебето одамна ми дава да нуркам во него и си тлееме.

Читам лектири пред спиење.
Да го одржам здраво детето во мене. И моето, и она што во иднина ќе го биде.
Добра ноќ.
IMG-20121211-00911.jpg

М.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Дебела и среќна!
Ете така се чувствувам денес драга.
Како што е редот и јас денес си излегов надвор да се повалам малку во она снег што останало и да си ја земам дозата на неколку топки снег во главата и шијата. После многу трчање и пискање си седнавме на кригла пиво (пошо топол чаj на -10 степени е too meinstream). Ладното на рацете, нозете, носот, образите беше ништо во споредба со топлината внатре во душата. Така да, не бидете педери и излезете, никој нема да ви се смее ако ве види како трчате наоколу со топки снег или правете снешко. И не се правете многу големи и сериозни.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Прв пат пишувам Драгана кајгана

После долго време се качив во автобус и за цела среќа едвај стигнав на работа каснев 15 мин. автобусот беше преполн пензионери кои како статуетки стоеја на врата и ми викаат излези :cautious: целиот изневиран и реков како да излезам кога сте се забетонирале на излез :cautious: не можам да излезам ... океј ај што помина помина одејќи на кај работа шлапнав во голем вир и така си ги намокрив патики,чорапите али ај нвм си купив нови :confused: се пресоблеков и почнав со работа незнам што ми текна тркнав до аптека барав нешто против настинка и таа ми даде некој си апчиња ај кај ги платив 115 денари :cautious: на крај испадна дека апчињата ги земале и за спиење :cautious: и така драга кајгана јас уште на работа си фурам и телото него осеќам а уште 8 часа имам да работам :confused: ми се спие ми се :place: ах драга кајгана .. налет нека е се :(
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.638
Поени од реакции
31.857
Се исечив , ренде се напрајв со бричот.
Уште сум детиште, на то ме наведува
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Прв пат пишувам Драгана кајгана

После долго време се качив во автобус и за цела среќа едвај стигнав на работа каснев 15 мин. автобусот беше преполн пензионери кои како статуетки стоеја на врата и ми викаат излези :cautious: целиот изневиран и реков како да излезам кога сте се забетонирале на излез :cautious: не можам да излезам ... океј ај што помина помина одејќи на кај работа шлапнав во голем вир и така си ги намокрив патики,чорапите али ај нвм си купив нови :confused: се пресоблеков и почнав со работа незнам што ми текна тркнав до аптека барав нешто против настинка и таа ми даде некој си апчиња ај кај ги платив 115 денари :cautious: на крај испадна дека апчињата ги земале и за спиење :cautious: и така драга кајгана јас уште на работа си фурам и телото него осеќам а уште 8 часа имам да работам :confused: ми се спие ми се :place: ах драга кајгана .. налет нека е се :(
Дијезапам :facepalm: ти дале за настинка :pos:
 
Член од
26 ноември 2012
Мислења
78
Поени од реакции
196
Драга.. знам дека е чудно, ама ми фалат чувствата. Си ги сакам назад!
Емотивно ме оштети мој драги бивши, само рамнодушноста ми остана.

Се надевам и ќе се молам да ми се вратат, благодарам!
 
(y)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Кајг,

Колку сељачишта се изнакотиле тука, да не ти се верува.
Што крепиш ти, никој.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.505
Поени од реакции
8.084
Драга Кајгана,

Еве конечно ти пишувам од Миладиновци. После 3 дена и речиси 3 ноќи се прибрав дома. А еве вечерва и на интермец.

После 8 месеци на брод, сонце, плажи доаѓам дома, со снег до колена и слично, и треба да се прилагодувам... не е лесен животов :/

Енивејз, тука ќе бидам 2 месеци, па ќе се читаме почесто. Само прво да сменам напајање на сифчо мој. Преку глаа ми е од лап-топот на сестра ми. 10 инчи... не се раат за гледање, посебно кога имаш 23 од другата страна.

Мис ју, кис ју, итн ју

п.с. се молат сите кајганџии кои би сакале да праат собиранка и притоа да ме поканат и мене, да ги праќаат поканите 2 дена однапред поради временските непогоди кои ја снајдоа нашата татковина.

Едит: Мојот пост веднаш под постот на Пумата. Драга Кајгана, што би можело тоа да значи? :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom