ДК,
Изгубив пријателка. Не се понесов добро кон неа и си отиде на друга страна. Повеќе не комуницираме.
Ова беше логична разврска. Таа реши да си отиде, јас не се противев. Јас веројатно би направил исто кога би бил на нејзино место. Ја разбирам и ѝ посакав сè најдобро.
Велат, кога луѓето си заминуваат од твојот живот, оставаат место за многу подобри работи да дојдат. Во нејзиниот случај, тоа што јас веќе нема да сум во нејзиниот живот и тоа како ќе ѝ биде подобро. Во мојот, не сум сигурен дека мојот живот ќе биде подобар без неа.
Како и да е, последиците од ова ќе се почувствуваат на долги патеки. Ова е вон моја контрола. Но е голема лекција, тоа сигурно. Сакам да ја запомнам за во иднина.
Што е поуката? Туѓите чувства не се играчка. Ги третирав како важни, како значајни, ама пак ништо не испадна. Пред себе сум чист, дека постапив како што најдобро знаев во тој момент. Не беше доволно добро. Грешка во чекори и тоа е - поздрав.
Меѓучовечките односи се танц. Со секој партнер танцуваме различно и секој танц има свои специфики. Ако правиш грешки во чекори, танцот и/или партнерот страда. Ако ти е значаен партнерот со кого танцуваш, прилагоди се кон неговите/нејзините чекори. А ако премногу грешиш, подобро е да го промениш партнерот или танцот.
Со надеж за подобро утре, со желба за сè најдобро и со многу работа што треба да се заврши,
Поздрав.