Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
Кајг... фчера беф 3та смена на работа сеа немом да спијам :mad:, моралез, форалез ебати вечерта
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д.
сакам да учам некој нов инструмент (покрај гитара што си знам :rolleyes:). нешто ново, нешто да сменам од досадново секојдневие.
друго што да ти кажам? ааа да бе....летово си помина....готово
роднини, пријатели, комшии од странство си заминаа (ок освен оние од италија). прошетавме што прошетавме, се видовме што се видовме, тие си заминаа ние си останавме со прстот во уста.
ај чао
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Кајге

Се трефна денов добар, ама крајов ме докусури. Абе настинав бре ..... мочам литро на ебани 15 минути .....

Ебате организмот.



И ................ А да!

Ова:

 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Драга,
Бев во Ново Лисиче на концерот на Миле Кузмановски, Дарко Илиевски, Роберт Билбилов.. хмм Димитар Андоновски и уште некои ѕвезди од нашата богата естрада (охх иронија). Откако Робертито виде дека публиката не е воодушевена од неговиот настап истапи со револуционерен говор. Ќе пробам да цитирам: „Во Македонија денес нема естрада. После Тоше ништо не е музика.“ И делумно е во право. Барем во делот лично за себе. Неговата музика и неговите гласовни способноти се очајни. И, најбитниот дел: „Дами и господа, дали се сеќавате на оваа песна и зошто не? (јака фора за неколку пати да ја каже по ред!) Сигурно зошто сте мали. Песната е од 2005.“ Ова значи дека покрај тоа што е свесен за својот пејачки неквалитет, свесен е и кај каква публика проаѓа неговата музика. И така, ме увреди дубоко, па решив да си заминам. На пат (пешки) до Транпортен центар трчав како улав. Тоа кај мене ретко се случува. Последно такво трчање имав во средно на физичко, 3 година.

И да. Махер сум за дебилни грешки. Во последен гледан филм со кратка рецензија во повеќе наврати во еден пост пишувам дека главниот антагонист на серијалот филмови е Ханибал Лестер (Л Е С Т Е Р). Лектор филмакедон, ЛЕКТОР!!! Ќе си гризнам од газот! :oops:

Заборавив што сакав друго да кажам. Најверојатно не е битно... Еве од господата од Радиохед нешто пресно кај мене во листа:
 

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Bitch..
Знам се! Иако некои мислат дека можат да сокријат некои работи со цел да не ме повредат... јас знам се.
Зошто? Зар мораше да ми го направи ова... на тој начин...
Кој е крив? Јас ли сум?
каде згрешив? ќе се поправам... но не е до мене,
ќе кажам едно... -готово е!
 

peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
Драга,

шест дена без секс. Фаќа криза..
 

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Bitch..
очиве ми капат, спиена сум само 5 саати... телефонот не престана да ми ѕвони, ама касно е за се.
Денес е убав ден, ме фатил ќеиф за скиролот.. само каде сум го забаталила, одамна не сум возела :confused:
Време е за нови незгоди.. here we go!
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
***Пост посветен на еден од двајцата најдобри другари во средно школо :D

Се надевам дека ќе те земат да играш за словенската екипа кај што си отиден на проба и дека ќе ги искинеш пер,те глеав 4 години како се жртвуваш и како се откажа од 300 ствари само за да се посветиш на баскетот и за да успееш.

Имаше мотивација,беше упорен и сега си поблиску до целта.
Дај се од себе на тренинзите и искини ги таму па здравје боже понатака и во некоја подобра европска екипа а и репрезентација.
Ако не ко него се надевам дека ќе бидеш упола од тоа што беше твојот идол Дражен !

Се надевам на добри вести и уште еднаш со среќа брату !
 
H

HITCH

Гостин
Да знаеш дека пиздам. Кој ми налета ќе го крка дебело, да не речеш дека не сум кажала! Замисли ќе сме имале убава историја, лошите работи ќе ни ги избришеле за да не сме се карале. Епа, тука следува онаа македонската: да те лупне буздоганот по чело!
Е, Драга ова се последиците од форсирањето и унапредувањето на неписмената раја. Ги направија професори, директори, министри и сега иди кажи им дека го е*аа ежот! Вистински потег на десничарска влада, NOT!



Е, саа... .!.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Драга,
Посакувам комшијата барем на момент да го замени Харис Џиновиќ и Халид Бешлиќ со нешто од Muse... па макар и рандом да ја избере песната. Би го гледал како Бог од утре.
Еве што ме нервира најмногу додека се пушта музика: правење цик-цак со гласнота и менување песни после 5-10 секунди. Мислам, озбилно, зошто? Јас кога слушам гласна музика не менувам песна на пола. Може некој од комшиите сеуште не фатил дел од текстот за да го запише на страна и после да ја гугла песната оти, нели, секогаш е одлична :D
И не, не значи ова дека се обидувам да фатам некој српки стих и да ја гуглам музиката моментално што ја слушам.
Во меѓувреме се префрливме на македонска кафанска музика, а кај мене дома само цедевита. :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom