Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Постои една група на створења во рамките на човечката популација, кои не се строго дефинирани значи како група, бидејќи основата им е иста, а постојат различити вариетети и затоа е потешко да се стави остра граница околу нив...Истите тие се: вештачки, лицемерни, некултурни, со искривена слика за морални вредности, прорачунати емотивни инвалиди, најчесто крајно необразовани душевни бедотии и користољубиви караконџули... Знаеш ли која е главната конекција меѓу нив...? -Фактот што токму тие најлесно, најбезболно и најубаво се провлекуваат низ целиот живот...!
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Пат.
Темница. Пусто.
Левиот и десниот тротоар празни.
Уличните светилки светат толку слабо што дури ни сопствената сенка не се гледа.
Патот мораш да го изодиш сам.



This is all there is, now there ain’t shit left
It’s like I’m looking in the eyes of the saint of death
(La Santa Muerte), these people fear me
I’ve seen murder, disease, it’s all near me


 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Прегорев мала, прегореа чувствата. Тој Радовиш низ нос ќе ми излегува сега, ако уопште и излезе. Овие од тука сите' ми изгледаат како нула, недостижна и недогледна разлика, светлосни години ги делат. Ни жарче нема, а не па нешто повеќе. Кога ќе влезе и ќе ја искуси човек оазата, се' друго му отпосле е - Мех ..




Ќе си ја пејам деновиве :

I scream, you scream
We all scream, for ice cream !
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Кајгич , фрлам поглед надвор и во тој момент приметувам нешто. Језиво нешто. Не, не е језиво правиот збор, ова влева страв во коските, те привлекува,те тера да му се потчиниш, те тера да го почитуваш. Сонцето не е жолто-златно денес кајги.Го подигнав погледот кон сонцето. Црвено е. Ја прави и земјата црвена. Како да се пролејала крв. Дури и мирисот на воздухот може да се почуствува. Може да го вдишиш. Можеш на јазикот да го почуствуваш.Слаб, благ, метален вкус насекаде.
Blood red sun!
 
П

Пепси_

Гостин
телефонот кајги ти е направа за аларм да те изнервира наутро и за да ти покаже колку е саат за да си идеш дома. Ја не ги сваќам овие или сум среќен добитник што никој нема да ме замара и да се праам фраер "еј сори на мобилен ме бараат" :гомце: :unsure:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Драга со месеци ти немам пишано :unsure:

Ќе бидам краток,тапа се овие од фан клубов :icon_lol:
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
Драга Кајгана
Ова сестра ми е изгубена.
 
T

Tetro

Гостин
%*&#$

Би ти опишал еден работен ден, ама нема да разбереш, затоа на кратко ќе биде и ова.

Станав сабајле, се облеков, таа ми свари кааве (како и скоро секое сабајле), го испив и заминав. Работевме, работевме, работевме, направивме пауза за јадење, пак работевме, работевме работевме, работевме, работевме, си ги исчистив машините на кои највеќе работев и си заминав накај дома. Сварив кафе за сите, го испивме, ручавме, и се маткам по дома, додека таа си гледа филмови по интернет.
чао.
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
К.
Битно Скопје ке си има и пајтон од 40 000 евра.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Ќе глеам Твајлајт :D
Ти кај знаеш филм да глеаш ма? Башка Твајлајт е, не е било кој филм :D
Еј чудна сум на кирилицава :D
Вака посериозно звучам :))

kazi film be.
sum pisala "na kirilica". ne treba "so kirilica" da pisam? kaj be ja iam petka makedonski...
stomakot me boli. i vratot ukocen mi e.
sakam da imam mnogu pari i da si napravam kukja. na planina negde. ama onakva, so bazen, so visoki dzidovi, so brslen po dzidovite and shit.
zosto mi e dosadno volku?
 
K

kalimer0

Гостин
После долго време се видов со 2ца другари од кои со едниот го поминав пола детство. Не дека некој од нас заминал странство па неможевме да се видиме, 4 улици не делат ама ова брзо темпо на живот не' натера да се заборавиме... Различни теми за муабет, многу различни од оние кои ги правевме пред 6-7 години.

Студот и заморот не не' попречи да поминеме 40 минути на улица правејќи муабет па после заминавме на спиење бидејќи за 5-6 часа треба да сме на своите работни места :) Тројцата келнери, тројцата во различни кафиќи...
У пичку матер, изгледа пораснавме :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom