Знаеш што? Џиш емоции.
Ама баш. Неонски емоции, ко да имам односи среде концерт. Duran Duran, ете тоа ми е најсвежо. Нема подобра енергија од онаа што ја даваш и не очекуваш за возврат.
А уствари, ти се враќа ко виножито врз глава. Ех. Мек понеделник, ко шепа на маче, вовлечена во мрза. Перниче пуно зборови и соништа, си го носам секаде, ко Чарли што си го сака ќебенцето.
Мјау, ете така.
Џиш.
Ко џиџе, ко збор што открива нови светови.
Калеидоскоп од убаини. И си врвам по светов. Убаво ми е!