Драга,
ти се случило некогаш да се чувствуваш и среќна и тажна истовремено? Моментално ми е така...
Од такт ме вадат тие тајни, мистерии и забранети теми. Ништо не е онака како што изгледа. Да ги гледаш од страна ќе помислиш дека нема крај на среќата, а вистината е сосема поинаква. Се прашувам дали и јас ќе изгледам така во иднина. Сепак, сум дел од нив...
Само знам дека никогаш нема да дозволам да го пропуштам тоа што вистински го сакам, како замена за нешто што го сакам помалку, а е посигурно.
На крајот сето тоа ќе биде осудено на пропаст... Пак несреќа... Многу сакам да го прекинам тој синџир, а има само еден начин.
И вистина е реченицава од Ана Каренина:
All happy families resemble one another, each unhappy family is unhappy in its own way.
Инаку, под импресии од вчера и од Боби, еве ти песна: