Онаа импреаторкана Ву, тешка будала била, бе.
Не видена ламја! Се изначитав небитни работи од кинеската историја, не знам што ми стана. Оние мали жолти мравки со коси очиња и насмеани фацки никогаш не ми биле интересни, обично Јапончињата ги читкарам, ама денес...
Знаеш што си мислев? Миличка, батали се`. Не вреди! Не се замарај, бре. Земи пример од народов, види колку му е убаво. Се` поскапува, ама народот не се буни, бре, си ќути. А, тоа да знаеш дека е многу паметно. Што ќе се замара за утре?! Ќе си појде у банка ќе си земе кредит за да си купи леб и млеко, после друг кредит за да го исплати претходниот и така ќе си живурка. Не му треба повеќе на овој народ. Ќе се појави некоја будала на телевизија, ќе каже збор два, овие нема да го разберат и никому ништо. Поминало време, денот отишол... А, утре е нов ден, треба да му бидеме благодарни на Бога, оти некој ја немал среќата да отвори очи! Знаеш зошто е ова вака? Демек, они на времето, кога живееле у село, виделе и бетер! Сега кога живеат у град им е супер. Епа, аку народ нека зема кредити, треба банките и „политичарите“ да се богатат. Штом им е убава мизеријата, нека си живеат така. Зошто да се трудиме Македонија да ја направиме подобро место за живеење, кога во цел свет е мизерно? Абе еј, у Африка вода за пиење немаат, ние ќе се жалиме што ќе поскапел лебот?!
Кој кретенизам е да се жалиме за нешто што ни кажале дека ќе се случи за 3 - 4 недели... Нема логика, нели!?!
Што подебилно - тоа подобро!
Песнава ја ставив, оти ми немаше логика да те поздравам со „Црно тиквешко“.
With affection,
Hitch.