Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Денес го мразам цел свет, а очигледно ме мрази и тој мене.Од полошо најлошо.
Прво коа станав немав цигари, после индексот не можев да си го најдам, па таксито каснеше 10минути, па се изначекав добри 2ипол саата за да влезам да полагам усно, за целосно да се изблокирам и да не зуцнам, а научен материјалот..
Не, не е среќа што ми даде друга шанса да преполагам во среда.Редовна сум, активна сум и нормално е после толку учење и полагања мозокот во еден момент да ми застане.
Се напнав, ептен.Уста нема да може да ми затвори во среда..
И треба да учам, пак.Цел e*ан викенд ќе го спремам оној за понеделник.
Посакував да не се оптеретував толку и да не се напнував, барем овој пат се да ми биде рамно како на некои..
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Драга,
Сум се напраила стока вчера, да знаеш колку ме боли главата и колку ми е лошо :( Од пјаца се префрливме на жива свирка и Куќата ми ја напраи цела вечер комплетна.
Плус изгубив 100 евра на кладба од HITCH; сепак 7,5 сантими не се мала работа :pos:
Каков ден...жени Nessa Alcarin; Princess Of Evil; цареви сте :)
 
H

HITCH

Гостин
О, добро утро и кај мене у глава уште е весело!

Драга,
Сум се напраила стока вчера, да знаеш колку ме боли главата и колку ми е лошо :( Од пјаца се префрливме на жива свирка и Куќата ми ја напраи цела вечер комплетна.
Плус изгубив 100 евра на кладба од HITCH; сепак 7,5 сантими не се мала работа :pos:
Каков ден...жени Nessa Alcarin; Princess Of Evil; цареви сте :)

Не сакав да те реметам денес - главата уште ми свири што од „куќата“ што од кладбата. Се мислев како да го објаснам ова, ама мислам дека ќе погодам:


:pos: х 100 = 7.5 цм (ТРЕПКА!!!)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Драга,
Од сега порано на буска оти после нозете у аут.Бај ду веј топ проводче со друштво,чилање,муабетче итн...поздрав до следно видување :)
кисс <3
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Уште не можам да прифатам дека те нема.

И вчера те немаше:place:

Гушки,многу насмевки,фамилијарна дешавка, сите заедно на куп - како шо сакаше ти. И после три ипол години живеам со прашањето ЗОШТО? Зошто одлета?

Ми недостигаш многу Татко:place:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
ДџК

Ај гота филинг... по незнам колку време...

Неко меџу нама није наш. Дефинитивно.

Џ.
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
драга, денес сабота
јас со еден куп за учење, во пмс, со испит во вторник, со целокупни нервози и притисок од сите страни, почна да ме нервира и телефонот да ми заѕвони и да ме праша некој како сум , гледам побрзо да го завршам муабетот и да исклучам.
седам на тераса моментално, врни - истура...
ама мерак ми напрај силниов дожд, го споредувам со онаа нервоза шо ми се случува во душичкава моментално и ме смири, како природата моментално бурно да изреагира наместо мене..
и мислам дека ќе ги исклучам телефоните и ќе си го земам викендов само за мене, редно време е да си го потрошам моето време на МЕНЕ и да се преродам... ми треба тоа :):cool:


те сакам кајги.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.380
Поени од реакции
4.934
Решив да си ја продадам душата на ѓаволот, но во Македонија ни тоа уште го нема...
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.510
Поени од реакции
8.116
Почнувам да го свиѓам бродов. Има неколку причини.

ПРВА, ми стигна првата плата од Имиџ. 103 долари за 2 петдневни крстарења (и за 150 долари намален долгот за камера, униформа и гаранција). Што би се рекло вкупно 253 долари за 10 дена. Кога ќе станам Фотограф 2 ова ќе биде отприлика дупло (уште да најдам време за учење...)

Втора, синоќа бев на тим билдинг активности. 6 момци и девојки од фото тимот бевме во спа центарот тука на бродов, парна соба и излежавање на лежалки, раат муабети за тоа кој од каде доаѓа, какво семејство има, што правел пред бродскиот живот, шеги :) СПА центрите владеат :)))) На луѓето не им се верува дека бев ко Исус во предбродскиот живот :))))

Трета, имаме нова девојка во тимот, откако три девојки заминаа, дојде една, ама вредна, Ивана од Црна Гора. Додека да дојдат уште две нови, ќе туркаме некако со тимот, кои сме, тука сме, ќе не биде :)

Инаку кога веќе седнав да пишувам малку повеќе, да ги напишам тука луѓето со кои сум опкружен тука на бродов.

- Алден, мојот цимер од шопинг одделот, од Филипините. Откако наполнил 21 е по бродови, а сега има околу 35, што значи мнооогу време на брод :) Огромна помош добивам од него. Тој е тазе фотограф, скоро купи Никон 3100 па му кажувам финти и на тој начин му возвраќам за поддршката што ја добивам од него.

- Марк од Украина, првото момче на фото тимот. Другарче и пол. 4 месеци на брод, помлад од мене, малку повисок и помускулест, има девојка Ријана која е поубава од певаљката со исто име :)

- Менаџерскиот дел од тимот е оставен од бизнис менаџерот Чаба, унгарец од Романија, асистент менаџерот за продажба Стефани од Филипини и асистент менаџерот за продукција (производство) Мајк, исто од Филипините. Ако 1 Маре (мојата шефица од ИнтерНИК) е единица мерка за одличен шеф, овие би ги ставил некаде околу 0,8 Маре.

- Ина од Украина, привлечна млада дама, типична украинка, висока, русокоса со сини очи и што би рекле некои ноги 2 метра. Одлично другарче. Од факс дошла директ да работи на брод :)

- Синтија од Макао, девојка што цел живот учела музика а фотографијата и била хоби, сега е во обратна ситуација. најниска ни е во тимот, па пазиме на какви должности ја распоредуваме и и помагаме секогаш кога треба. Уствари во тимот сите си помагаме еден на друг :)

- Анико од Унгарија, со 10 години привремен престој во Лондон. Најдобра во тимот, и со најдолг стаж, 4 месеци. Бродот ни е повеќе за обука на фотографи. Енивејз, Ани порано одела на журки во напуштени објекти низ Лондон. Среде ноќ добиваш СМС со локација на објектот, идеш и се журкаш се додека не дојде полиција. Ептен андерграунд.

- Ивана, најнова во тимот, била 2 мессеци на друг брод па ја донесоа кај нас. Учела чколија за да биде учителка по англиски, хоби РПГ игрици ( ^.^ ) и омилен бенд GNR :/ ама не може се да биде таман, нели :)
 

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Да те позз со песнава

од ко се зачленив овде​
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.946
Драга ...

цел ден сум на четвртина бурек и фанта. Фала и кај вас
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom