Драга, јас пак болна...
...Испитите ми поминаа,конечно се изнаспав и се видов со мојата гооооооолема љубов...
Времето викаат ги менувало луѓето,ама не ,некои тешко тоа го практикуваат...Еве на пример јас сум жива катастрофа,поизбувлива здравје...
Што ми требаше да се скарам со брат ми толку многу (ако го читаш ова извини еве јавно ,јас бев повеќе крива) и да го повредам.
И додека мака мачам со настинкава или грипот,се прашувам кај ми е новогодишната еуфорија? Изгледа исчезнала заедно со моето последно пакетче чоколади...И со енормната сума на пари што како и секоја година мора да се потроши околу чудото наречено Нова Година...
Што е најтрагично за останатите на кои сеуште не сум им кажала,јас воопшто не сакам да ја славам,воопшто не сакам да се дотерувам и да гледам дотерани и убаво облечени луѓе кои само пола саат откако ќе пристигнат на местото за кое платиле добри 2-3-4 просечни дневници,се натрескуваат ,се влечат,се лигават,се додворуваат....
Доста ми е од такви срања,сакам ноќ со тивка музика,руска салата и кифла,една личност којашто ја сакам повеќе од сите на светов и мнооооооооооогу снег што ќе не затрупа и нема да ни дозволи да излеземе барем една недела...
Или подобро кажано барем еден век...