Кајгана,
тие што изневеруваат, кога тогаш ке им се врати за лошото. Ете, јас те изневерив, и ми се врати. Ужасно многу.
Ми се собраа четириаголници, триаголници, петоаголници заради дволичност, кавги, блокирања, кражби, закани, кошмари, љубов што не е љубов...
Некои работи не се враќаат назад. Јас пак си паѓам на мојата наивност и верувам до бескрај, пак нови лица, ама иста болка. Моментот кога стојам на автобуска со тежина, веќе ми стана навика.
Фактот дека некој ги изневерил сите твои надежи дека најпосле имало некој на кој му веруваш бескрајно, е ужасен. Кога сознанието дека пак си се зезнал ке ти се удри во глава по 100ти пат, боли. Не за друго, туку оти е на истото место. Уште повеќе, кога тоа е некој на кој си му се вохитувал поради милион нешта. Ама никој не е совршен.
Жално е што морам да се разочарам за да сфатам по 100ти пат. Плавуша.